ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОНЛАЈН УСЛУГИ НА HBO EUROPE S.R.O

1.      Општи одредби

1.1  HBO Europe s.r.o. со регистрирано седиште на адреса Jankovcova 1037/49, Praha 7, Поштенски код: 170 00, Република Чешка, кое е регистрирано во трговскиот регистар кој се води во Градскиот суд во Прага, Оддел C, Лист 29418 (во натамошниот текст: „HBO“) дава аудиовизуелни медиумски услуги познати под името HBO GO преку www.hbogo.mk или преку друг сајт или преку друга а пликација која е определена од страна на HBO (во натамошниот текст „Сајт“) со содржина достапна на Сајтот од време на време (во натамошниот текст: „Услуга“).

1.2    Општите услови (во натамошниот текст “Услови за корисникот”) се применуваат на договори склучени помеѓу HBO и некое физичко лице (во натамошниот текст: “Корисник”) во однос на Услугата. Само физички лица постари од 18 години, со живеалиште во Северна Македонија можат да склучат договор со HBO за давање на Услугата. HBO има право да одбие да склучи договор, или директно да раскине договор со некој Корисник, доколку Корисникот порано ги има прекршено HBO Условите за Корисникот. HBO може, наместо да одбие да склучи или да раскине склучен договор, да побара од Корисникот да даде обезбедување за такви обврски според договорот.

1.3     Овие Услови за корисникот се применуваат на и се обврзувачки за HBO и за Корисникот. Врз договорите, исто така, се применуваат посебни услови и одредби (вклучувајќи било која специјална понуда, цена, услови за плаќањето и метод, услов и рок на договорот, итн.) понудени од страна на HBO од време на време заедно со склучувањето на договорот помеѓу Коисникот и HBO. Заедно со било каков конфликт помеѓу посебни услови и Корисничките Услови, посебните услови преовладуваат. Корисничките Услови и посебните услови заедно го чинат договорот кој се применува помеѓу Корисникот и HBO (во натамошниот текст “Договор”). Доколку претплатата на Услугата е купена преку трета страна која работи како застапник или администратор (на пр. ITunes-Apple, во натамошниот текст: „Агент на трета страна“), општите услови на овој договор се применуваат согласно посебните поими наведени во дел 22. Без оглед дали претплатата на Услугата е купена од HBO директно или преку агент на трета страна, HBO е давател на Услугата и е одговорен за нејзината содржина и Корисникот треба да го склучи овој договор со HBO. Со цел да пристапи кон Услугата, Корисникот мора да потврди дека го прочита и го прифаќа Договорот.

1.4     По нарачката на Услугите од HBO, HBO ќе достави потврда за договор преку е-пошта со испраќање на адресата за е-пошта, доставена од страна на Корисникот во врска со регистрацијата на Корисникот соодветно долниот оддел 4.  Потврдата ќе содржи текст на Договорот. Договорот е склучен во момент кога Корисникот ќе го прифати Договорот со притисок на назначено копче  кое се наоѓа на Сајтот со цел да се финализира нарачката.

1.5     Договор може да биде склучен на македонски јазик. Овој Договор (кој претставува договор склучен по електронски пат) ќе биде сочуван од страна на HBO и Корисникот ќе го прими текстот на Договорот во мејлот на потврдата, која е доставена на адреса за е-пошта доставена од страна на Корисникот. Важечките Кориснички Услови се, исто така, достапни на Сајтот. Корисниците се запознати дека нивните лични податоци се обработуваат од HBO со важечката Политика за лични податоци како што е достапна од HBO на нивната веб страна.

2        Услуга

Територија

2.1    Услугите можaт да се првенствено користат само во Северна Македонија (во натамошниот текст “Територија”). Корисниците исто така ќе можат да ја користат услугата додека привремено престојуваат на следните територии: Бугарија, Црна Гора Хрватска, Словенија, Србија, (во понатамошниот текст "Други Територии"). Кога Корисниците пристапуваат на Сајтот или повторно глеаат содржина, HBO ќе верификува дека ИП адресата на Корисникот е лоцирана на Територијата или Другите Територии. Доколку ИП адресата на Корисниците не може да се дефинира или е лоцирана надвор од Територијата или Другите Територии, пристапот до HBO GO Сајтот нема да биде овозможен и повторното гледање на содржина ќе биде одбиено.

Содржина

2.2     Услугата содржи филмови, серии, документарни емисии и други програми вклучени од страна на HBO по неговото сопствено наоѓање од време на време. Корисникот добива пристап кон содржината која се дава на Сајтот од време на време, веднаш откако Корисникот ќе ја нарача Услугата и го прифати Договорот. HBO настојува стално да го подобрува искуството на Корисникот како гледачот. Услугата и нејзината содржина можат, затоа, во иднина од време на време да бидат изменети, модифицирани или ажурирани. Сегашна листа на содржината на Услугата е достапна на Сајтот. Измена, модификација или ажурирање на содржината на Услугата и други измени на изгледот на Сајтот не се смета дека претставуваат модификации на Договорот, ниту Услугата, освек доколку меродавното право не предвидува поинаку. HBO може да овозможипристап во живо на “HBO каналот” на Сајтот. Корисникот прифаќа дека некои од избраните програми можеби не се достапни на тој HBO канал кој се дистрибуира преку сајтот. Исто така, Корисникот прифаќа дека HBO може, но не е обврзан, да дистрибуира во живо HBO канал во рамка на Услугата и дека обврската на HBO е да дава услуги на аудиовизуелни медиуми на барање, а не HBO Канал во живо. Пристап кон HBO Канал во живо не е гарантиран дел од Услугата и никаква додатна накнада не е пресметана/ фактурирана за пристап кон HBO каналот во живо. HBO задржува право да отстрани пристап кон било кој HBO Канал во живо од услугата, да смени било кој HBO канал во живо со некој друг канал или со други канали, или да вклучи други канали во Услугата, без давање претходно известување за тоа. Такви измени или недостапност на одредени програми на HBO каналот во живо (или каналот/каналите кои го заменуваат тој HBO канал) нема да се сметаат како измени на Договорот. Повеќето Програми кои се вклучени во Услугата се достапни на локалниот јазик (било синхронизирани или со титлови или во некои случаеви со нарациа), меѓутоа, некои програми можат да бидат достапни само на оригиналниот јазик.

HBO може да даде различни нивоа на Услугата со различни цени во иднина. Доколку различните нивоа ќе се додадат, поединците ќе можат да се претплатат на било кое од понудените нивоа по сопствен избор.

Претплата

2.3     За месечен надоместок, Корисникот може да се претплати и да добие пристап кон целата содржина на Услугата или кон одбраното ниво на Услугата, доколку ќе биде достапно.

2.4     HBO може да ја понуди Услугата бесплатно за ограничен временски период под услови кои се предвидени во врска со таквата понуда и со Договорот и кои се одредени од неговата дискреција(во натамошниот текст “Пробен период”). Корисникот може да избере да престане да ја користи Услугата, во било кое време во текот на Пробниот период, без да мора да плати за Услугата. HBO не наплаќа никакви трошкови за време на пробниот период.

2.5    Доколку HBO понуди Пробниот период, Корисниците кои ги исполнуваат условите, имаат право на еден Пробен период во поврзани дванаесет (12) месеци. Правото на Пробниот период може да биде верификувано од страна на HBO на основа на податоцитe добиeни од Корисникот, вклучувајќи, без ограничување, e маил адрeса, начин на плаќење, и/или ИД апарати набројани во налогот, а за да сe спрeчи злоупотрeба на Пробниот пeриод. Во случај HBO да сомнeва на злоупотреба на Пробниот пeриод, или на нeговитe услови, HBO можe одма да прeвзeмe мeрки да прeдупрeди такви злоупотрeби, вклучувајќи и раскинување на Договорот.

2.6    Доколку Корисникот не го раскинал Договорот во текот на Пробниот период, Пробниот период автоматски, без известување до Корисникот, ќе биде трансформиран во вообичаена претплата за која Корисникот ќе мора да плати вообичаена претплата. Доколку Корисникот одлучи да не стане платежен Корисник, мора да го откаже Договорот во текот на Пробниот период. Последен ден од Пробниот период ќе му биде достапен на Корисникот на Корисничкиот налог на континуирана основа.

2.7    HBO или неговите партнери може од време на време да нудат ваучери за користење на Услугата од Корисниците. Доколку условите ваучер понуда не предвидува поинаку, Корисниците со откупување на таквите ваучери, имаат право на едно користење на специјална промоција на Услугата со ограничен период (на пр. дополнителен бесплатен период како надополнување на Пробниот период) (во понатамошниот текст “Промотивен период”), и Корисниците ќе може да искористат еден ваучер (и да учествуваат во една кампања за ваучери) во период од дванаесет (12) последователни месеци.

3        Користење на Услугата

За да може да ја користи Услугата, Корисникот мора да се регистрира на корисничкиот налог на Сајтот (за понатаму види оддел 4), да има пристап кон опремата, системите и врските соодветно Условите за корисникот (за понатаму види Оддел 5), и по истек на потенцијален Пробен период или Промотивен период, да изврши плаќање соодветно Условите за корисникот (за понатаму види Оддел 6). Исто така, одредени технички мерки на заштита се извршени со цел да се сопре неовластено користење на Услугата, како што се копирање, користење надвор од Територијата (и Други Територии) и натамошно ширење на содржината која е дадена во Услугата.

4.       Регистрација, корисничко име и лозинка

4.1    Регистрацијата на корисничкиот налог мора да се изврши на Територијата на www.hbogo.mk со користење на Македонска кредитна/дебитна картичка или друг метод на плаќање достапен на веб страната. Корисниците што имаат постојано живеалиште во Северна Македонија и се физички присутни во земјата во време на регистрацијата, може да регистрираат сметка со цел да пристапат кон Услугите. Кога Корисникот регистрира сметка, HBO ќе верификува методот на плаќање на Корисникот е издаден од Северна Македонија и дека ИП адресата на Корисникот е лоцирана во истата држава. Доколку ИП адресата на Корисникот не може да се дефинира или е лоцирана во друга држава, а не Северна Македонија, пристапот до Услугите нема да биде овозможен.

4.2     Корисникот е должен да ја обезбеди точноста на наведената информација во времето на регистрацијата, и каде тоа е потребно, да го ажурира неговиот/ нејзиниот кориснички налог со точни информации. По регистрацијата, Корисникот може само да достави информација за избраниот начин на плаќање. Очигледни грешки на внесени податоци ќе се проверуваат и ќе бидат известени до Корисникот. Без оглед на тоа, Корисникот е должен да ги прегледа и да ја верифицира точноста на неговите податоци доставени во текот на постапката за регистрација.

4.3     Во зависност од избраниот начин на плаќање, по регистрацијата на Корисникот ќе му биде побарано да ги достави сите или некои од наведените податоци: име, презиме, адреса за е-пошта, лозинка, број на кредитна/дебитна картичка CVV/CCV код и дата на важење на картичката, име на носителот на картичката, детали поврзани со избраниот начин на плаќање, на пример, детали за сметката на релевантниот провајдер за плаќање, код на ваучер или било која друга информација што ќе биде побарана или неопходна за завршување на регистрацијата (во натамошниот текст “Информација во текот на пријавата”). Информација во текот на пријавата на Корисникот е лична и трето лице не смее да ја користи. Корисникот е должен да ја сочува Информацијата во текот на пријавата за да ја заштити од неовластен пристап. Корисникот е одговорен за секое користење на Услугата кое се случи со користење на налогот на Корисникот.

4.4     Доколку Корисникот се сомнева дека постои неовластено користење на Информацијата во текот на пријавата на Корисникот, должен е веднаш да извести HBO за овој факт и да ја смени лозинката на Корисникот. Во случај да HBO има причина да верува дека Информација во текот на пријавата е соопштена или е злоупотребена на друг начин од страна на неовластени лица, HBO има право веднаш да го раскине Договорот соодветно одделот 12.4 (ц)

4.5     HBO има право во било кое време да бара од Корисникот да ја смени лозинката на Корисникот. Измените треба да бидат извршени веднаш и можат да бидат причина за привремен прекин на користење на Услугата. 

4.6     Користењето на било каква кредитна/ дебитна картичка или било кој друг избран начин на плаќање може да бидат блокирани во случај на разумно сомневање за измама или друг прекршок.

5        Опрема, итн.

5.1     За да може  да ја користи Услугата, Корисникот мора да има потребни и дозволени системи, врски и опрема.

5.2     Спецификација на моменталните барања за системот е достапна на Сајтот. Меѓутоа, исполнување на овие барања за системот не гарантираат дека Корисникот може да ја користи Услугата неограничено од причините кои не се во контрола на HBO.  Користење на Услугата може да подразбира инсталација на софтвер од некое друго лице од страна на Корисникот.  HBO ќе овозможи информација на Сајтот за тоа кој софтвер од друго лице може да се користи, но НВО не го доставува неговиот сопствен софтвер и не е одговорен за софтвер на друго лице и за негово ажурирање.

5.3     Услугата бара Корисникот да има пристап кон потребната интернет врска. Корисникот е одговорен за сите трошоци поврзани со таква врска, вклучувајќи ги трошоците за проток на податоци, без оглед на тоа каде на Територијата (види погоре оддел 2.1) Корисникот ја користи Услугата. Спецификација за барања за минимална брзина на преземање која е потребна за користење на Услугата е достапна на Сајтот.

5.4     Само тие видови уреди кои моментално се наведени на Сајтот смеат да се користат и регистрираат за Услугата. НВО има право од време на време да одлучи кои уреди се сметаат за одобрени врз основ на сегашно ниво на технички развој и стандард. НВО не доставува сопствени уреди и не презема никаква одговорност за перформанси на одобрени уреди или за нивна постојана компатибилност со Услугата и нејзиното ажурирање.

5.5    Корисникот има право да користи и да се регистрира за Услугата на најмногу пет (5) уреди, што вклучува компјутери, мобилни телефони, таблети и други одобрени уреди. Измени на регистрирани, одобрени уреди може да се извршат на налогот на Корисникот (моментално не повеќе од 5 пати во текот на месецот). НВО може да имплементира правила за зачестеноста на измените на регистрираните, одобрените уреди од страна на Корисникот. Информации за такви правила ќе му бидат доставени на Корисникот соодветно долниот оддел 11. Освен ако не е поинаку известен од страна на НВО, дозволени се само два (2) истовремени преноси на Услугата на регистрирани и одобрени уреди.

5.6     Во обем во кој е дозволено со меродавно правно, НВО не е одговорен за невозможност Корисникот да ја користи Услугата или за пристап кон Услугата која ќе стане ограничена поради прекумерно користење на Интернет или поради грешки или проблеми кои се однесуваат на компјутери или други уреди, мрежи, електроника или комуникација која не е во контрола на HBO.

6        Надоместок и плаќање

6.1     Надоместок за Услугата се плаќа соодветно цените кои се применуваат од време на време и кои се достапни на Сајтот. Применливи надоместоци ќе бидат достапни за Корисникот пред склучувањето на Договорот и постапката за регистрација овозможува експлицитна потврда од страна на Корисникот дека тој е свесен дека нарачката со себе носи обврска за плаќање на цената. Доколку (а) цената е одредена во Евра и (б) начинот на плаќање се базира на локална валута, применливиот менувачки курс ќе биде одреден од релевантната банка (или провајдер на плаќање). HBO не е одговорен за применливиот менувачки курс или за други трошоци од банката или провајдерот за плаќање. Ве молиме контактирајте го Вашиот провајдер за плаќање за детали.

6.2    Доколку Корисникот не е квалификуван за Пробниот период, ниту пак за Промотивниот период, првото плаќање на претплатата ќе се направи на датумот кога Корисникот склучил Договор и потоа плаќањето на НВО за прв следен месец треба да биде извршено однапред, на истиот ден секој месец кој му одговара на денот кога Корисникот го склучил Договорот за Услугата. Ако таков не ден постои во датиот месец, последниот ден од датиот месец ќе иде одреден како ден за плаќање.

6.3    Корисникот може да изврши плаќање на надоместокот со било кое средство за плаќање кое нуди НВО на Сајтот. Корисникот се согласува да потпише потребни документи и да на секој ден на стасаност има доволно средства за плаќање на Услугата достапна на било кое од избраните средства за плаќање.

6.4    Доколку на Корисникот му е даден Пробен период или Промотивен период, никакво плаќање не треба да биде извршено за тој/ тие период/и. Наместо тоа, прво плаќање треба да биде извршено на прв ден по истекот на Пробниот период или Промотивниот период (под услов дека Корисникот не го раскинал Договорот пред истекот на Пробниот период или Промотивниот период) и потоа истиот ден од секој месец во следните месеци. Доколку таков ден во наведениот месец не постои, последниот ден од наведениот месец ќе биде датумот за плаќање.

6.5    Доколку Корисникот не ставил доволно средства на располагање на ден на стасаност на плаќањето, НВО ќе прати на мејл адреса доставена од страна на Корисникот “обавестување за неуспело плаќање” и НВО повторно ќе се обиде да го наплати надоместокот - не повеќе од 5 пати - со користење на кредитна или дебитна картичка.

6.6    Доколку плаќањето не биде извршено на време, НВО, исто така, има право без одложување да прекине или ограничи пристапот на Корисникот кон Услугата. НВО, исто така, има право одма да го раскине Договорот доколку уплатата доцни за повеќе од дваесет (20) дена.

7        Користење на Услугата

7.1 Корисникот може да ја користи Услугата само за лична употреба на Корисникот и соодветно овие Услови за користење. Корисникот не смее и не смее да поттикнува, овозможува или предизвикува било кое друго лице да стори било што од следното:

(a) да ги користи Услугите за комерцијални или јавни цели;
(b) да ги користи Услугите за било кои незаконски или несоодветни цели;
(c) да ја копира/репродуцира, зајми, продава, емитира или на друг начин дистрибуира, уредува или на било кој друг начин пренесува или прилагодува содржината на Услугата.
(d) да заобиколува, модифицира, отстранува, менува или на било кој друг начин манипулира со било кое обезбедување, енкрипција или друга технологија или софтвер кој е дел од Услугата; или
(e) да ја на друг начин користи Услугата, повредувајќи ги авторските права, другите права или Условите за користење.


7.2 Услугата може да се користи само во рамките на Територијата, соодветно одделот 2.1 на овие Услови во рамките на Други Територии. Корисникот не смее на било кој начин, и не смее да поттикнува, овозможува или предизвикува било кое друго лице да ја користи или да се обиде да ја користи Услугата надвор од Територијата или под условите од овие Услови надвор од/на Други Територии.


 7.3     Користење на Услугата со повреда на одделот 7 секогаш се смета за битно повредување на Договорот кое може да има за последица НВО да ја раскине Услугата со директно дејствие (за понатаму види Оддел 12).

 

8        Малолетни лица

8.1     Услугата може да содржи материјали кои се сметаат за неприкладни за малолетници и кои други лица може да ги сметаат за опсцени или вознемирувачки.

8.2     Услугата не е наменета да ја користат деца без ангажирање, надзор и согласност на родителите или старателите. Родители, старатели или други возрасни лица кои дозволуваат децата да ја користат Услугата исклучиво се одговорни за одлука дали содржината на Услугата е погодна за такво дете.

8.3     HBO обезбедува технички средства за ограничување на пристап кон Услугата или кон одредена содржина. Лозинка, ПИН код или други слични средства можат да бидат потребни за да се пристапи кон Услугата или кон одредена содржина. Корисникот е должен да овозможи да такви технички средства бидат активирани и ефикасни, како е предвидено и наложено од страна на НВО, освен ако такви средства секогаш мора да се користат со цел да се пристапи кон Услугата.

 

9        Модификации и измени

9.1     Корисникот по овој пат изричито прифаќа дека НВО има право да ја смени висината на надоместокот и другите одредби од Корисничките Услови во разумен обем. Корисникот ќе биде известен за такви измени преку е-пошта испратена на адреса за е-пошта дадена од страна на Корисникот најдоцна во рок од триесет (30) дена пред такви измени да стапат на сила. Заедно со таква измена, Корисникот има право да го раскине Договорот со дејствие на ден кога измената ќе стапи на сила. НВО е должен да го извести Корисникот во своето известување за неговото/нејзино право да го раскине Договорот. Доколку Корисникот не го раскине Договорот пред стапување на сила на таква измена, се смета дека Корисникот је прифати измената.

9.2     Корисникот со ова експлицитно прифаќа дека НВО има право да направи значителни измени на содржината која ја покрива Услугата во разумен обем. Корисникот ќе биде известен за такви измени преку е-пошта испратена на адреса за е-пошта дадена од страна на Корисникот најдоцна во рок од триесет (30) дена пред такви измени да стапат на сила. Заедно со таква значителна измена, Корисникот има право фа го раскине Договорот со дејствие на ден кога измената ќе стапи на сила. НВО е должен да го извести Корисникот во своето известуваање за неготово/нејзиното право да го раскине Договорот. Доколку Корисникот не го раскине договорот пред стапување на сила на таква измена, се сета дека Корисникот ја прифати измената.

9.3     Во врска со одделот 9.2, измената која се однесува до содржината е значителна кога количеството на содржината покриена со Услугата е драстично намалена или сеопфатна орјентација на содржината е значително сменета. Истекот или престанувањето на лиценцата за одредени програми или серии, или одлука да не се изврши продукцијата или да не се вклучат понатамошни сезони на одредени серии не се смета за битна измена. Значителна измена е само таа измена која за резултат ќе има значително намалување на сите имиња на филмовите и/или сериите вклучени во Услугата. Значително намалување подразбира намалување од 50 % или повеќе од сите имиња на филмови и/или серии во однос со целата содржина опфатена со Услугата.

9.4     Во случај на превремено престанување соодветно одделот 9, каде Корисникот го извршил плаќањето кое се однесува на период по истекот, НВО ќе го врати останатиот износ во рок од триесет (30) дена од истекот на Договорот.

Информација за Корисници која се однесува до измени и враќање на износот

9.5     Информацијата која се однесува до горе опишаните измени ќе му биде доставена на Корисникот соодветно долниот оддел 11.

10      Губење право на одустанок

Со склучување на Договорот, Корисникот експлицитно дава согласност за добивање пристап кон (испорака на) Услугата веднаш по склучувањето на Договорот и плаќањето на надоместокот согласно со Договорот. Со ова, Корисникот прифаќа дека со добивањето пристап кон Услугата (со испорака на услугата) пред истекот на четиринаесет (14) дена за откажување од Договорот. Корисникот губи право на откажување од Договорот согласно Одделот 1829 од Чешкиот Граѓански законик (Закон бр. 9/2012, со измените) во рок од четиринаесет (14) дена од склучувањето на Договорот. Доколку Корисникот го склучил Договорот и давањето на Услугата е започнато, но Корисникот не сака повеќе да ја користи Услугата и да биде обврзан со Договорот, тогаш Корисникот мора да го раскине Договорот согласно долниот оддел 12. Постапката за регистрација предвидува експлицитна потврда (поле за потврда) од страна на Корисникот со која тој/таа дава согласност за добивање пристап кон (испорака на) Услугата веднаш по склучувањето на Договорот и плаќањето на надоместокот и потрвдува дека со добивањето пристап кон Услугата (со испорака на Услугата) пред истекот на четиринаесет (14) дена за откажување од Договорот Корисникот го губи правото на откажување од Договорот.

Одредбата од одделот 10 не влијае на правото на Корисникот да го прекине Договорот во било кое време на Пробниот период без плаќање за Услугата, како што е предвидено во одделот 2.4.

11      Информации за клиенти

11.1   HBO може да испрати известувања до Корисникот преку е-пошта или со објавување на Сајтот соодветно меродавното право.

11.2    Корисникот е должен да ги ажурира своите контакт информации, доколку тие ќе се сменат во текот на користењето на Услугата. Ќе се смета дека HBO ја исполнил својата обврска за давање известувања со праќање на известувања на последна дадена адреса за е-пошта на Корисникот, без оглед на тоа дали Корисникот се уште ја користи таа адреса или таа повеќе не се користи.

12      Услови на Договорот и престанок

12.1  Договор за претплата на Услугата е склучен за период на претплата од еден (1) месец и автоматски се продолжува за период од уште еден (1) месец се додека Корисникот или НВО не го раскине Договорот соодветно овие Услови за корисникот. Освен ако не е поинаку предвидено во горниот оддел 9.4, претплатничкиот надоместок кој је платен однапред за релевантен период нема да биде вратен и Корисникот има право да продолжи да ја користи Услугата до крајот на тој период. Доколку Корисникот има право на Пробен период соодветно одделот 2.4 или Промотивен период соодветно одделот 2.7, претплатничкиот период почнува да тече првиот ден од Пробниот период или Промотивниот период, како што е применливо и трае за период еднаков на Пробниот период и/или Промотивниот период, како што е применливо, и автоматски се продолжува за еден (1) месец се додека HBO не го прекине Договорот согласно овие Услови за кориникот.

12.2   Доколку Корисникот сака да го раскине Договорот, НВО мора да биде известен преку е-пошта, поштенска пратка или, доколку НВО овозможува таква алтернатива, преку Сајтот на линкот https://hbogo.mk/kontakt. Во случај Корисникот да иницира раскид на Договорот, НВО ќе му испрати на Корисникот потврда преку е-пошта на крајот од периодот на претплата. Доколку НВО сака да го раскине Договорот, НВО е должен да го извести Корисникот преку е-пошта или преку поштенска пратка. Соодветно одредбата 12.а, Договорот ќе се раскине на крајот на тековниот период на Договорот од еден месец.

12.3 Во врска со измената на висината на надоместокот или на Условите за корисникот, право на откажување на Договорот настанува соодветно одделот 9.

12.4   Под овде предвидени услови, НВО има право да го раскине Договорот со моментално дејствие и истовремено Услугата веднаш да ја направи недостапна за Корисникот во било кои од наведените случаи:

(a)    Корисникот доцни со плаќањето најмалку дваесет (20) дена;
(b)    постојат разумни основи за претпоставка дека Корисникот е инсолвентен,
(c)    Корисникот го злоупотребил Пробниот период, Промотивниот период или неговите услови;
(d)    постои неовластено користење на Услугата или постојат разумни основи да се претпостави дека такво неовластено користење се случува,
(e)    Корисникот се обиде да го користи Пробниот период повеќе од еднаш (1) во текот на период поврзани од дванаесет (12) месеци, или
(f)     Корисникот на друг начин изврши битно прекршување на Договорот, или го повтори прекршувањето на Договорот.

 

13      Права на интелектуална сопственост

13.1   Во врска со склучувањето на Договор со НВО, НВО на Корисникот му ја додедува неексклузивна, непреносива и ограничена лиценца да ја гледа содржината на Услугата. Корисникот може да ја користи Услугата и нејзината содржина само соодветно Договорот и за своја лична употреба.

13.2   Материјалите на Сајтот и содржината на Услугата се заштитени со авторско право, трговска марка и/или други закони за заштита на интелектуална сопственост. Договор со НВО на никаков начин не вклучува пренос на Корисникот на било кое право на сопственост или некое друго право на интелектуалната сопственост врз содржината на Услугата или врз Услугата.

14      Обезбедување

14.1   Корисникот нема право да постапува на било кој начин кој би можел да доведе до тоа да Услугата или Сајтот повеќе не бидат функционални, да бидат преоптоварени, оштетени или ослабени. Корисникот не смее да влијае ниту врз користење на Услугата од страна на другиот Корисник.

14.2   Корисникот не смее да се обиде да стекне неовластен пристап кон мрежите, компјутерските системи, содржината или информациите кои се однесуваат до Сајтот или Услугата. Прекршувањето на оваа одредба во секој случај ќе се смета за битно прекршување на Договорот кое, помеѓу останатото, може да има за последица раскид на Договорот со моментално дејствие (за понатаму види Оддел 12).

15      Ограничување на одговорноста, пореметености и прекини

15.1 Корисникот ќе го извести HBO за било какви пореметености, прекини и други грешки на Услугата што најскоро возможно и не подоцна во рок од седум дена од нивното настанување, за да биде овозможено правото за надоместок во согласност со точка 15.2. НВО нема да биде одговорен за грешките на Услугата кои не се под контрола на НВО соодветно горниот оддел 5.6 или за други грешки кои се последица на користење од страна на Корисникот на опремата која не е одобрена или кои се последица од немарност на (i) Корисникот, или (ii) трето лице.

15.2 Во врска со такви пореметености, прекини и други грешки за кои одговорноста ја сноси НВО врз основа на оддел 15.1 за што резултатот е неможност за користење на Услугата во континуиран период што надминува 24 часа, Корисникот кој ја барал има право да добие пропорционално намалување на претплатата. Доколку пореметувањата, прекините и другите грешки за кои HBO сноси одговорност согласно оддел 15.1, резултираат со неможност за користење на Услугата во период што надминува (i) три последователни дена или (ii) вкупно десет дена во било кој календарски месец, Корисникот може да го прекине корисничкиот договор со ретроактивно дејство од последниот ден за (наплата) плаќање (“датумот за престанок”) и да побара рефундирање на месечната претплата за месецот по датумот за престанок. Дополнително, Корисникот може да побара рефундирање на реалните трошоци што се направени за оправданото барање согласно оддел 15.2 во периодот од еден месец по рокот за поднесување на наведеното барање. Рефундирањето ќе биде направено на преку методот на плаќање што е избран од Корисникот за плаќање на месечната претплата. Во случај на продолжена претплата, износот на рефундирањето, согласно дискреционото право на HBO, ќе биде (i) намалено од следното плаќање на претплатата или (ii) обезбедено во форма на ваучер. 

15.3 Корисниците немаат право на надоместок за пореметување, прекини и други грешки од Услугата кои се последица на одржување. НВО ги известува Корисниците дека постојат 3 видови на одржување:

Редовно месечно одржување: се врши на одреден ден секој месец помеѓу 01:00 AM – 05:00 AM CEST.

Вонредно одржување: може да се врши помеѓу 01:00 AM – 05:00 AM CEST доколку Операторот го смета за неопходно.

Итно одржување: може да се врши во било кој момент доколку постои итен технички проблем кој може да има последици на достава на Услугите. Доколку Итното одржување трае во континуитет повеќе од 24 часа, одговорноста на HBO ќе биде согласно оддел 15.2, освен во случај кога Итното одржување било предизвикано во околности надвор од контрола на HBO.

Во текот на сите три видови одружување, Услугата може да биде недостапна.

15.4 Барањата на Корисникот за рефундирање треба да бидат поднесени на контакт информациите наведени во одделот 21 за прекинување, поплаки и барања. Барањата треба да ги содржат името на Корисникот, објаснувањето на грешките и периодот на нивно траење и материјални докази за таквите грешки (доколку е побарано од HBO). HBO може во секое време да побара и други податоци потребни да го идентификува Корисникот, да го одреди износот на рефундирањето и да го реши побарувањето.

16      Обврска за надоместок

Корисникот се согласува да го надомести и да го заштити НВО, неговите зависни друштва, вработените, членовите на управниот одбор и давателите на лиценцата од загуби, трошоци или барања кои произлегуваат од или се во врска со прекршувањето на Договорот од страна на Корисникот, со прекршување на меродавното право од страна на Корисникот или со прекршување на права на трети лица од страна на Корисникот.

17      Пренесување

HBO има право, без претходна согласност на Корисникот, да ги пренесе сите свои права, барања и обврски врз основа на Договорот на некое друго друштво во рамките на иста група или на некое трето лице за кое разумно може да се очекува дека ќе ги исполнува обврските соодветно Договорот на задоволувачки начин. Корисникот има право да ги пренесе правата и обврските на Корисникот врз основа на Договорот со претходна согласност на НВО.

18      Линкови кои водат од Сајтот

Сајтот може да вклучува линкови кои водат кон други сајтови кои се дадени од некои други лица. НВО нема контрола, не презема никаква одговорност за такви линкови или содржина на такви сајтови. Користење на такви сајтови од страна на Корисникот е на сопствена одговорност на Корисникот.

19      Без согласност

Доколку HBO се воздржи од вршење на некое право од овој Договор или се воздржи од иницирање постапки спроти Корисникот поради прекршувањето на Договорот од страна на Корисникот, тоа нема да се смета за давање овластување за прекршување или за идни слични прекршувањња и на никаков начин нема да влијае врз правата на НВО од овој Договор.

20      Тужби и постапки

Доколку Корисникот од било која причина не е задоволен со Услугата, таков претплатник може да го контактира НВО со користење на контакт информации наведени во Одделот 21 или некои други контакт информации достапни на Сајтот.

Корисникот и НВО се должни прво да се обидат да решат било каквов спор кој произлегува од овој Договор по мирен пат. Доколку страните не можат да се договорат, спор ќе биде решен пред надлежен суд во Северна Македонија. Врз Договорот се применува правото на Република Чешка, освен доколку поинаку не е предвидено. Вие, исто така, можете да имате право на одредена заштита на потрошувачите и примена на други обврзувачки одредби врз основа на правото на Северна Македонија.

Корисникот има право, како потрошувач, пред иницирањерто на постапката пред надлежниот суд, да (i) поднесе поплака до Совет за заштита на потрошувачите, или (ii) да го користи следниот линк: https://ec.europa.eu/consumers/odr за да го реши потрошувачкиот спор надвор од суд, online. Во согласност со содржината на Услугата, Корисникот може да поднесе поплака до Чешкиот Совет за Радио и Телевизиско Емитување (Czech Council for Radio and Television Broadcasting), www.rrtv.cz.

21      Контакт информации и надлежно регулаторно тело

Со HBO можете да контактирате преку адреса: HBO Europe s.r.o., Jankovcova 1037/49, Praha 7, Поштенски код: 170 00, Република Чешка, телефонски број: +42061094444 или преку адреса за е-пошта: sekretariat@hbo.cz. Во случајот на раскинување на Договорот, поплаки или барања, Ве замолуваме да користите следниот контакт https://hbogo.mk/kontakt.

Совет за радио и телевизиско емитување, Škrétova 44/6, 120 00 Praha 2, Република Чешка, www.rrtv.cz, е регулаторно тело кое врши надзор над давањето на Услугата, вклучувајќи ги и НВО каналите.

22 Агент на трета страна

22.1 Доколкку претплатата на Услугата е купена преку агент на трети страни, создавањето/ активирањето на претплатата, плаќањето и прекинувањето на претплатата е управувано од агентот на трети страни согласно со посебните услови и правила на агентот (на пр. Важечките посебни услови и правила на iTunes, во понатамошниот текст: „Посебни услови за трети страни“). Затоа Корисникот е должен да ги прочита и прифати Посебните услови за трети страни, покрај прифаќањето на овој Договор.

22.2 Покрај горенаведеното, следниве посебни услови се применуваат доколку претплатата на Услугата е купена преку агент на трети страни. Доколку има спротивности помеѓу посебните поими услови и другите услови на овој договор, посебните поими подолу ќе преовладуваат. Покрај општите услови на овој договор, Посебни услови за трети страни се применуваат на претплатата во следниве случаи:

(i) Агентот на трети страни е одговорен за создавање/ активирање на сите претплати, плаќања или неуспешна комуникација поврзана со плаќања и прекинувања.
(ii) Ваучерите - наведени во дел 2.7. - не може да се искористени преку агент на трети страни.
(iii) Регистрацијата се одвива на специјална апликација HBO инсталирана на уред или преку оперативен систем контролиран од Агентот на трети страни. Надоместокот за претплата ќе се наплаќа од Агентот на трети страни, под услов Корисникот да регистрира кредитна/ дебитна картичка или друг валиден начин на плаќање кај агентот на трети страни.
(iv) Агентот на трети страни е одговорен за наплатата на периодични претплатнички месечни претплати сè додека претплатата не е прекината.
(v) Како дел од процесот на регистрација, Корисникот мора да создаде своја HBO сметка со обезбедување на одредени информации за сметката (на пр. име, е-пошта и лозинка). Доколку Корисникот нема сметка со HBO, пристапот до Услугата не е можен.
(vi) Верификацијата на земјата наведена во точка 4.1 ќе ја изврши Агентот на трети страни.
(vii) Доколку Корисникот сака да го раскине Договорот, ќе се применуваат условите за раскинување утврдени со Посебни услови за трети страни и Корисникот мора да го контактира Агентот на трети страни, а не со HBO.
(viii) Побарувањата за поврат ќе се доставуваат до Агентот на третата страна во согласност со Посебни услови за трети страни. Агентот на трети страни е одговорен за плаќање на повратот.
(ix) Доколку Корисникот има какви било прашања или барања во врска со создавање претплати, активирање на претплата, прекинување на претплата или прашања поврзани со плаќање, Корисникот ќе контактира со услугата за клиенти на Агентот на третата страна.
(x) Секое барање доставено до HBO според важечките закони за заштита на личните податоци за да се анонимизира или избрише сметка, нема да ја прекине обврската на Корисникот да ја плати претплатата на Агентот на третата страна. Уплатата за претплата се плаќа сè додека Корисникот не ја прекине претплатата преку агент на третата страна, во согласност со Посебните услови за трети страни.
(xi) Доколку Корисникот сака да се префрли од претплата на Услугата преку Агентот на третата страна на директна претплата со HBO, Корисникот мора прво да ја прекине претплатата преку Агент на третата страна и потоа повторно да се регистрира директно во HBO со користење на кредитна/ дебитна картичка или друг валиден начин на плаќање. Доколку Корисникот сака да се префрли од директна претплата со HBO на претплата преку Агент на трета страна, Корисникот мора прво да прекине директната претплата со HBO и потоа повторно да се регистрира преку Агент на трета страна. HBO нема да следи дали Корисникот има активирано една или две претплати и/ или начини на плаќање.
(xii) Сметките или фактурите се достапни преку Агентот на трета страна.
(xiii) Според важечките закони за заштита на личните податоци, Агентот на третата страна делува како посебен контролор на податоци во врска со податоците собрани и зачувани од агентот на трета страна. Сите барања во врска со собирањето, обезбедувањето или другото обработување на податоците од страна на Агентот на третата страна мора да бидат доставени до Агентот на третата страна.