Услови за користење

Добрeдојдовте во HBO GO кој е достапен на сајтот www.hbogo.mk или преку апликацијата HBO GO (во натамошниот текст „HBO GO Сајт“), со кој управува HBO Europe s.r.o. (регистрирано седиште: Праг 7, Јанковцова 1037/49, поштански број: 170 00, Република Чешка, рег. бр. 61466786, регистриран кај Градскиот суд во Праг, Оддел Ц, Лист 29418, во натамошниот текст „HBO Europe“).

Со користење на било која медиумска содржина која бара регистрација (во натамошниот текст „HBO GO услуги“) и било кои други промотивни медиумски содржини (во натамошниот текст „Промотивни услуги“; HBO GO услуги и Промотивни услуги заедно во натамошниот текст „Услуги“) достапни на HBO GO Сајтот, Вие како Корисник (во натамошниот текст „Корисник“) ги прифаќате долу наведените Услови за користење. Затоа, пред да почнете да го користите HBO GO Сајтот, потребно е да го прочитате следното многу внимателно. Доколку не ги прифаќате следните Услови за користење, не можете да ги користите Услугите. HBO GO Сајтот може да содржи натамошни услови за користење за кои Корисниците ќе бидат известени пред да почнат да користат одредени апликации.

Корисниците со следното прифаќаат дека HBO Europe е исклучив носител на правата кон Услугите. HBO Europe е давател на Услуги, а посебно давател на аудиовизуелни медиумски услуги познати под името HBO GO, кои се во надлежност на Република Чешка. Совет за радио и телевизиско емитување (на чешки: Rada pro rozhlasové a televizní vysílání, адреса: Škrétova 44/6, 120 21 Prague 2, Република Чешка) врши назор врз HBO GO Услугата

Идентификација на квалифицираните корисници, исклучување на договорноит однос

HBO GO Услуги можат да се користат само од страна на Корисниците со важечки Претплатнички договор (во натамошниот текст „Претплатнички договор“) со некој од оператерите кои се овластени да дистрибуираат HBO GO Услуги (во натамошниот текст „Оператор“). HBO Europe нема да склучува Претплатнички договори со Корисниците. Затоа, ниту еден Корисник не може директно да поднесе финансиско или друго барање против НВО Europe во врска со Услугите. Сите права и обврски на Корисникот, кои се однесуваат до HBO GO Услуги се предвидени во Претплатничкиот договор и Корисникот мора целосно да постапува согласно истиот. Во случај на било какво несогласување помеѓу Претплатничкиот договор и овие Услови за користење, Претплатничкиот договор ќе има предност. Корисникот прифаќа дека било кое барање кое се однесува на HBO GO Услуги може единствено да се поднесе спрема Операторот, бидејќи Операторот на Корисникот му дава HBO GO Услуги согласно Претплатничкиот договор. На прво место, Операторот е тој што има право да ограничи, сопре или престане да дава HBO GO Услуги од причина прекршување на Претплатничкиот договор или на Условите за користење.

Корисниците кои немаат Претплатнички договор, но имаат претплата на Интернет, можат да им пристапат кон Промотивните услуги, кои се достапни на HBO GO Сајтот, меѓутоа, пристапот може да се ограничи, сопре или може да престане во било кое време, без потреба да се наведе причина за тоа.

Ниту една изјава од било кој вид која е поставена на HBO GO Сајтот не може да се смета за понуда за склучување на договор или за прифаќање на понуда за склучување на договор.

Услуга

Со користење на HBO GO Сајтот и Услугите, Корисникот го прифаќа следното:

(a) Корисникот прифаќа дека Услугите се достапни само преку уреди (во натамошниот текст „Уред(и)“) кои се технолошки соодветни и погодни за прикажување на Услугите. Кликнете тука за повеќе информации за технолошка компатибилност и подржани Уреди

(b) За да можат по прв пат да користат HBO GO Услуги, Корисниците мораат да се регистрираат на HBO GO Сајтот (во натамошниот текст „Регистрација“), каде, освен други податоци, мораат да дадат прекар, лозика, адреса за е-пошта или други идентификатори за регистрација од време на време (на пр. ADSL идентификатор, број на договорот, регистрационен код, телефонски број итн.). Корисниците што имаат постојано живеалиште во Македонија и се физички присутни во земјата во време на регистрацијата, може да регистрираат сметка со цел да пристапат кон Услугите. Кога Корисникот регистрира сметка, HBO Europe ќе верификува дека ИП адресата на Корисникот е во Македонија. Доколку ИП адресата на Корисникот не може да се дефинира или е лоцирана во друга држава, а не Македонија, пристапот до Услугите нема да биде овозможен. Корисниците потврдуваат дека регистрацијата на Уредот кој е наменет да биде користен, исто така, дел од Регистрацијата. Пред користењето на Услугите, Корисниците мораат да ги прочитаат и разберат Правилата за приватност. Кликнете тука за Правилата за приватност.

(c) За да можат да користат HBO GO Услуги, Корисниците мораат да имаат важечки договор склучен со Операторот или со друг давател на интернет услуги за давање на услугата за пристап кон Интернет;

(d) Корисниците се исклучиво одговорни за чување на идентификаторот за регистрацијата (на пр. ADSL идентификатор, број на договорот, итн.), корисничкото име и тајната лозинка;

(e) Корисниците мораат без непотребно одлагање да го известат Операторот доколку дознаат за било каква злоупотреба во врска со нивната корисничка идентификација;

(f) Корисниците ќе можат да ги користат HBO GO Услугите кои се достапни на HBO GO Сајтот во Македонија (во понатамошниот текст: “Територија”), освен доколку Претплатничкиот договор не придвидува поинаку. Корисниците исто така ќе можат да ја користат HBO GO услугата додека привремено се наоѓаат на следните територии: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија (во понатамошниот текст: “Другите Територии”). Кога Корисниците пристапуваат на HBO GO Сајтот или повторно глеаат содржина, HBO Europe ќе верификува дека ИП адресата на Корисникот е лоцирана на Територијата или Другите Територии. Доколку ИП адресата на Корисниците не може да се дефинира или е лоцирана надвор од Територијата или Другите Територии, пристапот до HBO GO Сајтот нема да биде овозможен и повторното гледање на содржина ќе биде одбиено;

(g) HBO GO Сајтот може да има содржина која е предвидена само за возрасни гледачи. Корисниците имаат право да се регистрираат за HBO GO Услуги само доколку имаат најмалку 18 години;

(h) Поставки за родителска контрола се достапни како дел од HBO GO Услугите;

(i) Корисниците имаат право во било кој момент да ја одјават својата Регистрација за HBO GO Услуги со праќање на порака до Операторот (во натамошниот текст „Одјавување“). Кликнете тука за контакт податоци на Операторот. По одјавувањето, Корисниците повеќе не можат да користат HBO GO Услуги, се додека повторно не се регистрираат на НBO GO Сајтот.

(j) Повеќето програми кои се вклучени во HBO GO Услугите се на локален мајчин јазик, меѓутоа некои програми можат да бидат достапни само на оригиналниот јазик.

(k) Доколку Корисникот има пристап во живо кон програмата на "HBO" каналите преку HBO GO Услугите, Корисникот прифаќа дека некоја од избраните програми можеби нема да биде достапна поради правните ограничувања од страна на власникот на содржината. Во тој случај, прекин нема да се смета за неизвршување или неправилно извршување на HBO GO Услугите, и Корисникот нема да има право на било каков надоместок од причина на таков прекин. HBO Europe изјавува дека "HBO" каналите во живо не се гарантиран дел од HBO GO Услугите и затоа можат да бидат отстранети од HBO GO Услугата во било кој момент.

(l) На мобилните уреди и таблети, Корисниците мораат да преземат и активираат HBO GO апликација. На персоналните компјутери, HBO GO апликацијата е директно достапна и им се праќа на сите Корисници преку Интернет. На приклучените телевизори и со IP поврзани STB-и, HBO GO апликацијата е или (i) однапред инсталирана на уредот пред куповината на таков уред или (ii) директно достапна и им се праќа на Корисниците преку Интернет.

(m) Од време на време, Услугите или нивниот дел можеби нема да бидат достапни поради планираните работи на одржување кои нема да се одвиваат повеќе од однаш месечно и се вршат во ноќни часови.

Надоместок за услугата

Претплатата која Корисникот ја плаќа врз основа на Претплатничкиот договор претставува целосна цена за добивање на HBO GO Услугите. Соодветно, Корисниците не мораат да плаќаат никаков додатен надоместок.

Правила за користење на уредот

Освен ако не е поинаку предвидено во Претплатничкиот договор, Корисниците имаат право да (i) регистрираат најмногу пет (5) Уреди, од кои истовремено можат да користат два (2) Уреди, и (ii) да сменат статус на Уредот (што значи (a) регистрација на нов Уред или (b) одјавување на регистриран Уред и регистрација на нов Уред) пет (5) пати во било кој календарски месец, под услов дека истиот Уред не може да биде регистриран два пати во рок од дваесет и четири (24) часа. Корисниците потврдуваат дека доколку со користење на било кој Уред се прекршуваат овие Услови за користење и Претплатничкиот договор, HBO GO Услуги можат да престант да му бидат достапни на таков Корисник.

Поле на примена

Корисниците можат да ги користат Услугите исклучиво за свои лични и приватни цели. Користење за било која деловна или јавна цен е стриктно забрането.

Измена на Условите за користење

HBO Europe може од време на време да ги модифицира Условите за користење, целосно или делумно. Сите измени или модификации стапуваат на сила кога ќе бидат објавени на HBO GO Сајтот. Корисникот се согласува редовно да ги прегледа Условите за користење за да биде запознаен со било какви измени. Употреба на HBO GO Сајтот или неговиот дел по измената на Условите за користење ќе се смета за прифаќање на тие измени. Доколку не се согласувате со такви измени, Ве молиме да престанете да го користите HBO GO Сајтот.

Незаконито постапување од страна на Корисникот

Незаконито или неовластено постапување опфаќа, без ограничување, следно:

- модификација, прилагодување или дешифрирање на било кој дел од HBO GO Сајтот, вклучувајќи ги Услугите и нивното преземање на било кој Уред;

- користење на автоматска апликација, пребарувач, програма за пребарување или дешифрирање или било која друга апликација со која може да се пристапи, модифицира или индексира Услугата или било кој нејзин дел;

- хакување или обид на хакување на IT системот, кој се однесува до HBO GO Сајтот, вклучувајќи ги Услугите;

- собирање информации (вклучувајќи кориснички имиња, лозинки и адреси за е-пошта) за другите Корисници со било која цел;

- реформатирање или бришење на било кој дел од HBO GO Сајтот;

- објавување материјали во врска со HBO GO Сајтот, вклучувајќи ги Услугите;

- креирање кориснички идентификатори со користење на автоматски или измамувачки методи.

Исклучување на одговорноста

HBO Europe, како и нивните сопственици, поврзани лица, деловни партнери, консултанти и агенти, со ова исклучуваат било која и целосна одговорност за Услугите, за аутентичноста, потполноста, законитоста, доверливоста, функционалноста или достапноста на медиумските содржини или било кои други содржини кои се достапни како дел од Услугата.

Со користење на Услугите, Корисниците се согласни да ја користат Услугата исклучиво на сопствен ризик и, исто така, се согласни дека HBO Europe нема да презема никаква одговорност за било каква материјална или нематеријална штета или загуба која може да се случи за време на користење на Услугите.

HBO Europe исклучува било која и целосна гаранција и/или обврска од гаранција во најголема можна мерка дозволена со меродавното право. HBO Europe не гарантира несметана работа на содржината, ниту работа без грешка на HBO GO Сајтот и Услугите, исправка на грешката, ниту дека серверот кој ги преноси Услугите нема вируси или други штетни компоненти.

HBO Europe не дава било каква гаранција во врска со употреба или со последици од користење на содржината и функциите на HBO GO Сајтот и Услугите, ниту во врска со нивната точност, прецизност, поузданост или било која друга функција. Корисниците потврдуваат дека тие се одговорни за секоја штета на Уредите кои се користат за прием на Услугите, како и за трошоците за сервисирање и одржување на Уредот.

HBO Europe не дава било каква гаранција за било каков прекин на Услугите, кој е резултат на било која грешка, квалитет или прекин на врската со Интернет на Корисникот или за било која материјална или нематеријална штета или загуба во врска со тоа.

Информации или мислења кои се појавуваат на огласните табли или на чет интерфејси на HBO GO Сајтот нема да се сметаат за информации или мислења на HBO Europe или било кој од нивните поврзани друштва. HBO Europe не презема било каква одговорност која произлегува во врска со горе наведени информации и мислења, а Корисниците потврдуваат дека секој Корисник може да стекне знаење за тоа и да ги користи горе наведените информации и мислења. HBO Europe исклучува секоја одговорност за било каква загуба, штета (било вистинска, последична, казнена или било која друга штета), штета, долг, обврска или било која друга околност, базирана врз или која произлегува од било која информација или мислење кое се појавува на HBO GO Сајтот.

Корисниците ќе го уложат сиот свој напор да ги заштитат своите лични податоци, како и корисничкото име, лозинката и адреса за е-пошта потребна за користење на Услугите. Корисниците се одговорни за секоја случка и дејствие кое се јавува како резултат на користење на корисничкото име, лозинката, адресата за е-пошта и личните податоци.

Материјал испратен до Сајтот

HBO Europe е ексклузивен сопственик на сите белешки, пораки, мејлови, идеи, предлози, концепти или било кои други материјали објавени на HBO GO Сајтот, без оглед на место од каде се поставени, а HBO Europe има право да користи така пренесен материјал во било кое време и сега и во иднина и со било која цел. HBO Europe не презема било каква одговорност за било кој материјал кој је испратен до HBO GO Сајтот.

Надоместок, обештетување

Корисниците ќе надоместат штета на HBO Europe која произлегува од било кое барање поднесено од страна на трето лице, кое барање може да им се припише на дејствијата на Корисникот во текот на користењето на Услугите. Корисниците се обврзуваат да на HBO Europe, како и на раководителите, вработените и поврзаните друштва на секоја од HBO Europe, им надоместат било каква загуба и обраложен хонорар на адвокатот, кој ќе настане како резултат од прекршување на било која одредба од овие Услови за користење од страна на Корисникот.

Право на интелектуална сопственост

Корисниците потврдуваат дека конструкцијата, изгледот и појавата на HBO GO сајтот се заштитени со авторски права.

Сите Услуги, содржини и применливиот софтвер (апликација) кои можат да се најдат на HBO GO Сајтот, вклучувајќи без ограничувања медиумски содржини и фотографии, други слики, фотографии, ликови, имиња, графика, логотипи, илустрации, како и софтверски производи (апликации), се интелектуална сопственост на HBO Europe или на другите друштва од нивната група на друштвата, или на трето лице кое е овластено од страна на HBO Europe да ги користи истите. Затоа, сите Услуги, содржина и применлив софтвер (апликација) кои се наоѓаат на HBO GO Сајтот се заштитени со авторско или други права. Строго е забрането дуплирање, копирање, дистрибуирање (вклучувајќи ги процедурите преку мејл, факсимил или било кој друг електронски уред), објавување, модификација, пренесување или користење на други сајтови или на други копјутерски мрежи било која од Услугите, содржината или применливиот софтвер (апликацијата) кои се достапни на HBO GO Сајтот.

HBO Europe константно ги ажурира медиумските содржини, најави и податоци поставени на HBO GO Сајтот. HBO Europe не презема никаква одговорност за било каква штета која произлегува од недостатоци, неточности или технички проблеми. HBO Europe задржува право да, делумно или целосно, во било кој момент, ја измени контрукцијата, изгледот и/или појавата или содржината на HBO GO сајтот.

Линкови

HBO Europe не е одговорен за содржината на било кој надворешен сајт кој е одржуван од страна на некое трето лице и на кој се повикува линкот поставен на HBO GO Сајтот. Секој може да направи линк кој го насочува гледачот кон HBO GO Сајтот, под услов тој линк да не наведува, сугерира, ниту дава впечаток дека HBO Europe или група или некое приватно лице е поврзано со спонзорите на HBO Europe или дека го подржува сајтот кој води до HBO GO Сајтот. Корисниците не можат на својот сајт да користат логотип, услужен знак, трговска марка или било кој друг материјал кој е заштитен со авторски права, и кој се појавува на HBO GO Сајтот без експлицитна пишана согласност на сопственикот на трговската марка или правото. Корисниците не можат да користат било кој дел од содржината или било кој друг материјал кој може да се најде на HBO GO Сајтот или да го вклучат на било кој друг сајт без претходна пишана согласност на сопственикот.

Одредба за делумна неважност

Доколку се докаже дека било која од одредбите на овие Услови за користење е неважечка или неизвршна, тоа нема да влијае врз важноста на другите одредби од овие Услови за користење, кои целосно остануваат на сила.

Меродавно право и надлежен суд

Правото на Република Чешка се применува врз овие Услови за користење, со исклучок норми и принципи на меѓународно приватно право. Договорните страни ќе сторат се што можат со цел да ги решат сите спорови, барања, прашања или разлики кои произлегуваат од или се во врска со овие Услови за користење по мирен пат. Секој спор, препирка или барање кое произлегува од или е во врска со овие Услови за користење може да се поднесе од страна на било која договорна страна, исклучиво до надлежниот суд во Македонија на одлучување.

Меродавен јазик

Доколку Условите за користење се достапни на HBO GO Сајтот и на локален и на аглиски јазик, локалната верзија секогаш ќе има предност.

Контакт информации

HBO Europe е достапен директно во Република Чешка со повик на телефонски број: +420 261 094 44 на чешки или англиски јазик или преку адреса за е-пошта: sekretariat@hbo.cz на чешки или англиски јазик.