Политика за лични податоци

Обработка на лични податоци

HBO Europe s.r.o., со адреса на регистрација во Прага 7, Јанковцова 1037/49, Република Чешка, регистрирана во трговски регистар што се води во Градскиот Суд во Прага, Рег. Бр. Ц 29418 ("HBO", "ние" или "нас") е контролор на лични податоци обработени согласно оваа Политика за приватност и како таков е одговорен за обезбедување обработка на истите во согласност со важечката регулатива.

Со регистрирањето на корисничка сметка, корисникот ("Вие" или “Корисник”) потврдува дека HBO ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите подолу.

Oд Вас љубезно бараме да ги почитате Условите за користење пред да ја прочитате политиката за лични податоци (“Политика за лични податоци”). Кликнете тука за Условите за користење. HBO користи веб колачиња согласно Политиката за веб колачиња што претставува неделив дел од оваа Политика за лични податоци. Кликнете тука за Политиката за веб колачиња

Резиме

Ова претставува резиме на тоа како ние ги обработуваме Вашите лични податоци. Деталните информации се наведени по ова резиме.

Употребата на личните податоци е неопходна за нас, како би можеле да Ви ја обезбедиме Услугата на Вас. Тоа значи дека Вие не може да ни се спротиставите на обработката на Вашите лични податоци и истовремено да побарате од нас да Ви ја овозможиме Услугата. Меѓутоа, Вие имате право да се спротиставите на определено користење на Вашите лични податоци, на пример доколку истата употреба не е неопходна за да може Ви ја овозможиме Услугата на Вас, туку истата е неопходна за на пр. да ја користиме за маркетинг по електронска пошта. Ова Ваше право е образложено во Дел 8.

Како субјект на лични податоци, исто така имате бројни права да обезбедите увид и право да влијаете на начинот на кој HBO ги обработува вашите лични податоци. Тие права вклучуваат право на обезбедување пристап до личните податоци што HBO ги задржува за Вас, барање за корекција во случај на неточни податоци и право да поднесете поплаки до регулаторни органи доколку имате загриженост како HBO ги користи Вашите лични податоци. Овие права се подетално образложени во Дел 8 од оваа Политика за лични податоци.

Личните податоци што ги обработуваме содржат информации обезбедени од Вас при регистрација на сметка во HBO. HBO исто така ќе анализира како Вие ја користите Услугата, на пример какви филмови и ТВ серии гледате, уреди што ги користите за пристап до Услугата и локации од кои ја користите Услугата.

Личните податоци што ги обработуваме содржат информации обезбедени од Вас при регистрација на сметка во HBO. Ние исто така обработуваме лични податоци што Вие може да ги обезбедите при контактирање на HBO (како што е контактирање на службата за поддршка) и информација обезбедена од Вас при учествување во истражувања. HBO исто така ќе анализира како Вие ја користите Услугата, на пр. какви филмови и ТВ серии гледате, уреди што ги користите за пристап до Услугата и локации од кои ја користите Услугата.

Целите за нашата обработка на личните податоци ја вклучуваат и можноста за доставување на Услугата до Вас преку различни платформи и за исполнување на нашите законски обврски. На пример, ние ќе:

1) Користиме Ваша електронска пошта и лозинка за да овозможиме Вие да се најавите на Вашата сметка и да користите стриминг услуга обезбедена од HBO;


2) Користиме податоци за Вашите прегледи, на пр. кои филмови или ТВ серии се започнале да ги гледате и каде сте застанале, како би можеле да продолжите со гледање до каде што се застанале и доколку го смените уредот;

3) Ги користиме Вашите идентификатори за сметка, податоци за прегледи и информации за уреди за да ги унапредиме квалитетот и стабилноста на нашата Услуга и да корегираме грешки, на пример да ги минимизираме прекините и да ја направиме Услугата попристапна; и

4) Користиме Ваши детали за плаќање и ИП адреси за да осигураме дека се наоѓате во државата каде што Услугата е понудена и да Ви дозволиме да ја користите Услугата во други држави согласно ЕУ/ЕЕА регулативата.

Доколку не не известите поинаку (опција за откажување) при најавувањето за Услугата или во било кое време подоцна, ние ќе ги обработуваме идентификаторите за сметка, податоците за прегледи и информациите за уреди со цел Ваше профилирање. Тоа значи дека ние, согласно Вашите податоци за прегледи, информации за уреди и идентификаторите на сметка ќе ги евалуираме Вашите преференции и интереси за различни серии и друга содржина обезбедена од нас. HBO ги користи овие податоци за да Ви овозможи прилагодени информации и вести за серии и специјални понуди за да анализира како Услугата може да биде подобрена и да ги идентификува преференциите на Корисниците со цел да ја прилагоди содржината понудена на Корисниците.

Доколку не сакате Вашите лични податоци да бидат обработувани за целите на директен маректинг базиран на Вашиот профил може да не контактирате по електронска пошта.

Доколку, по регистрацијата или подоцна, Вие се претплатите на билтен или друг промотивен материјал, Вие можете подоцна да се откажете од директниот маркетинг преку следење на линкот во долниот дел од билтенот или другата промотивна електронска пошта што Вие ја добивате од HBO.

Тука можете да го користите нашиот портал за барање за индивидуални права ако сакате да ги искористите вашите права.
Ако имате какви било прашања во врска со оваа Политика на приватност, можете да контактирате со нас на Privacy@hbo.eu и / или нашиот службеник за заштита на податоци: dpo@hbo.eu.


Вашите лични податоци ќе бидат пренесени на компании надвор од ЕУ, што ние ги имаме ангажирано, меѓу другото, да ја обезбедат нашата Услуга за Вас. Соодветно, државите може да не го обезбедуваат истото ниво на заштита налични пдоатоци како Вашата држава. Меѓутоа, преносот се извршува на начин што ќе осигури дека Вашите лични податоци остануваат заштитени.

Доколку имате дополнителни прашања за тоа како HBO ги користи и заштитува Вашите лични податоци , Вие се секогаш добредојдени да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци на HBO.

Контакт на Офицерот за зашитита на лични податоци: dpo@hbo.eu

Подолу следи детален опис на тоа како ние ги користиме личните податоци.

1. Кое правно лице е одговорно за обработката на Вашите лични податоци?

HBO Europe s.r.o., регистарски број на компанијата 29418, е контролорот на лични податоци обработени согласно оваа Политика за лични податоци.

Нашите податоци за контакт се:

Јанковцова 1037/49

170 00 Прага 7

Република Чешка

E-mail: privacypolicy@hbo.eu

Телефонски број: +42061094444

2. Што се “лични податоци” и “обработка на лични податоци”?

Терминот “лични податоци” се користи во оваа Политика за лични податоци за секој дел од информација што или самостојно или заедно со било кои други делови од информација, може да биде искористена за идентификување на поединец и било кој податок што се квалификува како личен податок во согласност со применливата регулатива за HBO, вклучувајќи ја и Генералната Регулатива за Заштита на Личните Податоци (“ГРЗЛ”).

Оваа Политика за личните податоци ги вклучува сите лични податоци што во било која форма се сметаат за обработени согласно применливата регулатива што се однесува на Вас како Корисник, вклучувајќи ги и личните податоци што се собираат, чуваат, пренесуваат, откриваат или на друг начин користат од страна на HBO.

3. Кои лични податоци се обработуваат и за кои цели?

HBO ќе ги собира и обработува само оние лични податоци за Вас образложени во Политиката за Прватност и како што се понатаму опишани во “Табелата за обработка на податоци” во Дел 11.

4. Како Вашите лични податоци се заштитени?

HBO има имплементирано соодветни технички и организациски мерки за заштита на Вашите лични податоци за да обезбеди дека само овластени лица имаат определено пристап до истите. HBO користи технички безбедносни системи, како firewalls, технологии за енкрипција, анти-вирусни програми, за да заштити и избегне од неавторизирано користење на лични податоци.

5. Колку долго се зачувуваат моите лични податоци?

HBO нема да зачувува или обработува лични податоци подолго од времето што е потребно за да се исполнат целите на обработка истакнати во Политиката за лични податоци или во согласност со важечката законска регулатива, како што подетално е определено во “Табелата за обработка на податоци” во Дел 11.

Соодветно, кога целта е исполнета во согласност со определен тип на лични податоци, HBO ќе ги избрише или анонимизира релевантните лични податоци штом тоа ќе биде разумно можно. Ве молиме да имате предвид дека ние може да ги зачуваме Вашите лични податоци за испраќање на билтени и маркетинг преку електронска пошта во период по Вашето прекинување на Услугата, до степен дозволен согласно важечката регулатива. Тој период може да варира во зависност од тоа во која држава живеете. Вие може во секое време да откажете примање на билтени или друго рекламирање следејќи го линкот во долниот дел од билтенот или другата промотивна електронска пошта што Вие ја добивате од HBO.


6. Со кого ние ги споделуваме личните податоци?

Групацијата на компании на HBO

Вашите лични податоци може да бидаат обезбедени на други компании во рамките на HBO Групацијата или компании со кои HBO Групацијата соработува и обезбедувањето на тие податоци е неопходно за целите на интерес на HBO или HBO Групацијата, односно, обезбедувањето на нивните услуги во највисок можен квалитет, директно рекламирање или друго рекламирање, преку електронска пошта или друг канал, на услуги и производи на HBO, компании во рамките на HBO Групацијата или други компании и за истражувања на пазарот. Во текот на преразгледувањето на тие активности, HBO воспоставува дека погоренаведените интереси не се ги надминуваат интересите или основните слободи и права на субјектот на лични податоци што бараат заштита на личните податоци.

Компании ангажирани од HBO

Вашите лични податоци ќе бидат пренесени на и обработувани од трета страна или добавувач што извршува услуги за HBO за да се овозможи извршување на услугите побарувани од HBO. Таквите компании ќе бидат лоцирани во и надвор од ЕУ. Услугите што ќе бидат побарани условуваат обезбедување на инфраструктура и ИТ услуги, обезбедување на услуги за клиентите, обработка на истражувања на пазарот, управување со испраќање на електронска пошта, статистички анализи и профилирање и обработка на трансакции со кредитни и дебитни картички.

На овие компании ангажирани од нас ќе им се обезбедат само оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целите наведени во “Табелата за обработка на податоци” во Дел 5. Сите трети страни и добавувачи мора да ги следат инструкциите на HBO и применливите пишани договори за обработка на податоци и било кои други договори што помеѓу HBO и неговите трети страни и добавувачи и мора да имплементираат соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Надлежни органи

HBO може да обезбедува лични податоци на релевантните надлежни органи (на пр. даночни власти или полиција) во согласност со важечките закони и со цел да исполни законски обврски во секоја јурисдикција каде што HBO има Корисници. Во случај на пробив во личните податоци, определени лични податоци може да бидат обезбедени на надлежните органи за заштита на лични податоци.

7. Во кои држави Вашите лични податоци ќе се пренесуваат?

Вашите лични податоци ќе се пренесуваат во компании во други држави во и надвор од ЕУ кои ние ги ангажираме, помеѓу другото и за да Ви ги овозможиме нашите Услуги на Вас. Соодветните држави надвор од ЕУ може да не го обезбедуваат истото ниво на заштита на лични податоци како Вашата држава. Во такви случаи, HBO ќе обезбеди дека личните податоци се соодветно заштитени од страните што ги примаат во тие држави. Соодветна заштита може обично да биде наметнување на договорни обврски на страната што прима податоци за одржување на исто високо ниво на приватност и безбедност на податоци применувана од HBO. Ве молиме видете ја Табелата за пренос на податоци во Дел 12 за детално објаснување на државите надвор од ЕУ во кои ќе се пренесуваат лични податоци.

8. Кои се Вашите права во поглед на Вашите лични податоци?

Право на пристап и исправка

Вие имате право да добиете информација кои лични податоци HBO ги обработува за Вас, изворот на тие податоци, за кои цели податоците се користени и идентитетот на страните на кои податоците им се обезбедени. Вие исто така имате право да побарате исправка на било која несоодветност или некомплетност на личните податоци во било кое време. Доколку барањето е манифесирано неосновано или екстензивно, особено поради неговиот повторувачки карактер, HBO може да наплати разумна административна такса или да одбие да постапи по истото.

Право на бришење (“право да бидете заборавени”)

Вие може да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани во определени околности доколку на пр. Вие сте го прекинале користењето на Услугите и (i) личните податоци не се веќе потребни во поглед на целта за која биле собрани и (ii) нема правна основа за продолжување на обработката или обработката е незаконита или личните податоци мора да бидат избришани за да се усогласи HBO како субјект со законските обврски на Европската Унија или Република Чешка. Оваа листа не е конечна. Ве молиме контактирајте го HBO за да добиете дополнителни информации за бришењето на Вашите лични податоци.

Право на приговор

Вие имате право на приговор за определена обработка или барање за обработка на лични податоци што се забранети ако (i)личните податоци може да бидат неточни, или (ii) Вие сметате дека обработката би била незаконита, или (iii) HBO ги базира обработките на законит интерес или (iv) Вие сметате дека HBO повеќе нема потреба за личните податоци претставени во “Табелата за обработка на податоци” во Дел 12. Во секој случај и доколку протестирате на определена обработка, HBO може да продолжи со обработката доколку е дозволено или има обврска согласно применливата регулатива, на пример за да може да ги исполни законските барања или да исполни договорни обврски во врска со Вас.

Право на повлекување на согласност

Доколку во било кој период Вие сте обезбедиле согласност за обработка на лични податоци на HBO (на пр. во случај на претплатување на билтен), Вие може во секое време да ја повлечете согласноста за понатамошна обработка што се однесува на таквата согласност.

Право на преносливост на податоци

Вие имате право да добиете лични податоци што се однесуваат на Вас, што сте ги обезбедиле за нас, во струкуирана, вообичаено користена и во машински читлив формат. Вие исто така може да побарате да Ви пренесеме такви податоци на друг контролор каде што е технички изводливо.

9. Што треба Вие да направите доколку имате поплаки?

Доколку Вие имате некои поплаки за тоа како ние ги кориситме Вашите лични податоци, или би сакале да добиете дополнителни информации, би Ве повикале прво да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци. Во секој случај, Вие можете исто така да поднесете поплака за начинот на кој ние ги обработуваме Вашите лични податоци до релевантните супевизорски органи, особено супервизорските органи каде што живеете, работите или каде што настанала наводната повреда. Користете го следниот линк за да ги лоцирате релевантните супевизорски органи во Вашата држава: http://ec.europa.eu/justice/article-29/structure/data-protection-authorities/index_en.htm.

Без да се прејудицира Вашето право да поднесувате поплаки, доколку сметате дека Вашите права согласно оваа Политика за податоци се повредени како резултат на обработката на Вашите лични податоци спротивно на важечката регулатива, Вие исто така може да поведете постапка пред надлежните судови, вклучувајќи ги и судовите во земјите членки на ЕУ каде што имате место на живеење.

Во секој случај, се препорачува, со цел за решавање на произлезените проблеми побрзо и ефективно, да испратите поплака или барања за истрага најпрво до HBO пред доставување на истите до надлежните органи.

10. Ажурирања

Оваа Политика за лични податоци може да биде модифицирана од HBO во било кое време. Доколку HBO сака да ги користи личните податоци на друг начин од пропишаниот во Политиката за лични податоци што е во сила во времето на прибирањето на податоците, информација за модификациите ќе биде обезбедена на Корисниците на видлив начин (на пр. таква информација може да биде испратена до Вас преку електронска пошта).

11. Табела за обработка на податоци

Табелата за обработка на податоци од подолу ги опишува категориите на лични податоци собрани и обработени од HBO во однос на неговите Корисници и целите за обработка на секоја категорија на податоци.

Овие термини се користат во табелата и можно е да бараат објаснување:

Тип на лични податоци и извор

Цел

Правна основа

Време на зачувување или критериум

Детали за идентификација вклучувајќи но не ограничувајќи на ИД на корисничка сметка, име, презиме, кодови за ваучери и години.



Извор: Директно од Корисникот при пријавување од партнерите на HBO

Да овозможи на HBO да испрати услуги за претплата на Корисниците, вклучувајќи и примена на важечките услови за користење (на пр. ограничувања на бројот на уреди).

Исполнување на договор

Во периодот на траење на Корисничката сметка до крајот на ограничувачкиот период, но не подолго од 3 години по прекинот на пријавувањето. Доколку Корисникот не купи претплата (само првиот чекор на регистрација е завршен) најдолго до 12 месеци од креирањето на сметката.

Да овозможи на HBO да обезбеди услуги за поддршка на Корисниците по барање (на пр. доколку корисниците го контактираат HBO), вклучувајќи и справување со проблеми.

Да овозможи на HBO да испрати извештаи до неговите добвувачи/ партнери со цел за следење доколку Корисник се пријавува со користење на код на ваучер.

Правен интерес

Да овозможи на HBO да превенира злоупотреба на бесплатен период на користење и да го одбрани HBO од злоупотреби од Корисниците во врска со уплатите.

Да овозможи на HBO усогласување со законските обврски применливи на HBO, вклучувајќи и одговори на барања од надлежни органи за пристап до лични податоци.1

Законска обврска

Информации за контакт вклучувајќи но не ограничувајќи се на електронска пошта, телефонски број



Извор: Директно од Корисникот при пријавување ии контакт со грижата за корисници на HBO

Да овозможи на HBO да испрати услуги за претплата на Корисниците, вклучувајќи и примена на важечките услови за користење (на пр. ограничувања на бројот на уреди).

Исполнување на договор

Во периодот на траење на Корисничката сметка до крајот на ограничувачкиот период, но не подолго од 3 години по прекинот на пријавувањето. Доколку Корисникот не купи претплата (само првиот чекор на регистрација е завршен) најдолго до 12 месеци од креирањето на сметката.

Да овозможи на HBO да обезбеди услуги за поддршка на Корисниците по барање (на пр. доколку корисниците го контактираат HBO), вклучувајќи и справување со проблеми.

Да биде во можност да испрати релевантни информации до Корисникот во поглед на пријавувањето/ сметката, на пр. електронска пошта за добредојде, сервисни надградби и слично.

Да овозможи на HBO усогласување со законските обврски применливи на HBO, вклучувајќи и одговори на барања од надлежни органи за пристап до лични податоци.2

Законска обврска

Да овозможи на HBO да превенира злоупотреба на бесплатен период на користење и да го одбрани HBO од злоупотреби од Корисниците во врска со уплатите.

Правен интерес

Да обезбеди за Корисниците маркетинг преку електронска пошта, на пр. Билтени и маркетинг истражувања.

Согласност

Во текот на траењето на Корисничката сметка и 12 месеци по прекинот на пријавувањето, доколку Корисникот се откажал од профилирање или директен маркетинг.

Да може да испрати на Корисниците истражувањата неповрзани со маркетинг, во кои може да учествуваат на доброволна основа.

Законски интерес

Детали за плаќање – вклучувајќи, но не ограничувајќи се на информации за дебитни и кредтни картички (како: број на кредитна/ дебитна картичка, датум на истек, CVV/ CVC број, и име на корисник на картичка, адреса, детали за PayPal сметка) и историја на плаќање (вклучувајќи информации за пробни периоди, периоди на неактивност на претплатата итн.).



Детали за плаќање – вклучувајќи, но не ограничувајќи се на информации за дебитни и кредтни картички (како: број на кредитна/ дебитна картичка, датум на истек, CVV/ CVC број, и име на корисник на картичка, адреса) и историја на плаќање (вклучувајќи информации за пробни периоди, периоди на неактивност на претплатата итн.).



Извор: Директно од Корисникот при најава и континуирано како што се прават плаќањата за историјата на плаќање: Директно од Корисникот при најава и континуирано како што се прават плаќањата за историјата на плаќање

Да овозможи на HBO да испрати услуга за пријавување на неговите Корисници и да може да наплати од Корисникот за пријавувањето.

Исполнување на договор

Во периодот на траење на Корисничката сметка до крајот на ограничувачкиот период, но не подолго од 3 години по прекинот на пријавувањето. Доколку Корисникот не купи претплата (само првиот чекор на регистрација е завршен) најдолго до 12 месеци од креирањето на сметката.

Да овозможи на HBO да обезбеди услуги за поддршка на Корисниците по барање (на пр. доколку корисниците го контактираат HBO), вклучувајќи и справување со проблеми.

Да може да испрати на Корисникот релевантни информации во поглед на пријавувањето/ сметката, на пр. информација за истекување на дебитна/ кредитна картичка.

Да овозможи на HBO да анализира како услугите понудени на Корисниците може да бидат подобрени.

Правен интерес

Да овозможи на HBO да превенира злоупотреба на бесплатен период на користење и да го одбрани HBO од злоупотреби од Корисниците во врска со уплатите.

Да може да се усогласи со законските обврски применлви на HBO, вклучувајќи и сметководствени3 и прописи за пренос на содржина4 на ЕУ.

Законска обврска

За време на траењето на Корисничката сметка и до крајот на дозволениот период на задршка, но не подолго од 10 години од прекинот на претплатата. Доколку Корисникот ја прекине претплатата за време на бесплатниот период, најдоцна до 12 месеци по завршувањето на бесплатниот период.

Податоци за дигитални информации – вклучувајќи, но не ограничувајќи се на гео-локкација/ ИП адреса, тип на уред, име на уред, ИД на уред, код на држава, ИПС информација, верзија на оперативен систем, лозинка.



Извор: Собрано врз основа на употребата на Корисникот на Услугата

Да овозможи на HBO да испрати услуги за претплата на Корисниците, вклучувајќи и примена на важечките услови за користење (на пр. ограничувања на бројот на уреди).

Исполнување на договор

Гео-локацијата/ ИП адресата, код на држава, ИСП информација: во периодот на траење на Корисничката сметка до крајот на ограничувачкиот период, но не подолго од 3 години по прекинот на пријавувањето. Доколку Корисникот ја прекине претплатата за време на бесплатниот период, најдоцна до 12 месеци по завршувањето на бесплатниот период.






.

Да ја оптимизира доставата на Услугата до секој поединечен уред што се користи за пристап до Услугата.

Да овозможи на HBO да обезбеди услуги за поддршка на Корисниците по барање (на пр. доколку корисниците го контактираат HBO), вклучувајќи и справување со проблеми.

Да овозмоќи испраќање на релевантни информации на Корисникот за претплатата/ сметката, на пр. надградба на услугата.

Да овозможи HBO да ги подобри своите производи и услуги понудени на Корисниците, вклучувајќи и безбедност на системите/ платформите на HBO.

Правен интерес

Да овозможи на HBO да превенира злоупотреба на бесплатен период на користење и да го одбрани HBO од злоупотреби од Корисниците во врска со уплатите.

Да овозможи на HBO да се усогласи со барањата на ЕУ регулативата за преносливост наведени во Регулативата за Мобилност.

Законска обврска

Информации за користење – вклучувајќи, но не ограничувајќи се на историја на прегледи, регистрација и дерегистрација на уред, листа на прегледи, логови, итн. и резултати од рекламно следење



Извор: Собрирање врз основа на употребата на Корисникот на Услугата

Да овозможи на HBO да достави услуга на претплата на Корисниците, вклучувајќи ја и функцијата “продолжете со гледање”.

Исполнување на договор

За времетраење на Корисничката сметка и 12 месеци по прекинот на претплатата.

Да овозможи на HBO да обезбеди услуги за поддршка на Корисниците по барање (на пр. доколку корисниците го контактираат HBO), вклучувајќи и справување со проблеми.

Да овозможи HBO да ги подобри своите производи и услуги понудени на Корисниците.

Правен интерес

Да овозможи на HBO да ги следи активностите на директен маркетинг таргетирани на Корисникот.

Согласност

За времетраење на Корисничката сметка и 12 месеци по прекинот на претплатата доколку Корисникот не откажал од профилирање или директен маркетинг.

Снимени разговори – односно снимени разговори за повици кон сервисот за грижа на корисници



Извор: Повиците до сервисот за грижа на корисници се снимаат

Да се подобри квалитетот на услугите за грижа на корисници овозможени на Корисниците и другите што се јавуваат на сервисот за грижа на корисници на HBO.

Правен интерес

12 месеци по снимањето на разговорите.

Одговори на истражувања неповрзани со маркетинг: односно, Кориснички одговори на истражувања каде што ние бараме од Корисниците да учествуваат, кои одговори може да содржат лични информации



Извор: Директно од Корисниците што учествуваат во истражувањата

Да овозможи на HBO да ги подобри своите производи и услуги понудени на неговите Корисници.

Правен интерес

12 месеци по комплетирањето на истражувањето.

Одговори на маркетинг истражувања: односно, Кориснички одговори на истражувања каде што ние бараме од Корисниците да учествуваат, кои одговори може да содржат лични информации



Извор: Директно од Корисниците што учествуваат во истражувањата

Да овозможи на HBO да го разбере корисничкото искуство на потенцијалните, сегашните и минатите Корисници со цел да ги приспособи или понуди своите услуги.

Согласност

За времетраење на Корисничката сметка и 12 месеци по прекинот на претплатата доколку Корисникот има избрано опција да не учествува во профилирање или директен маркетинг.

Други информации обезбедени на сервисот за грижа на корисници – вклучувајќи, но не ограничувајќи се на дополнителни информации што Корисникот може да ги обезбеди на сервисот за грижа на корисници на HBO со цел HBO да помогне на Корисникот во врска со прашањето, на пр. префериран јазик



Извор: Директно од Корисниците што го контактираат сервисот за грижа на корисници на

Да овозможи на HBO да обезбеди услуги за поддршка на Корисниците по барање (на пр. доколку корисниците го контактираат HBO), вклучувајќи и справување со проблеми.

Исполнување на договор

За времетраење на Корисничката сметка и 12 месеци по прекинот на претплатата.

1 Особено Акт Бр. 141/1961 Coll., Акт за кривична постапка, Акт Бр. 132/2010, за Аудиовизуелни медиумски сервиси по барање и Акт Бр. 634/1992 Coll., Акт за заштита на потрошувачите.
2 Особено Акт Бр. 141/1961 Coll., Акт за кривична постапка, Акт Бр. 132/2010, за Аудиовизуелни медиумски сервиси по барање и Акт Бр. 634/1992 Coll., Акт за заштита на потрошувачите.
3 Особено Акт Бр. 563/1991 Coll., за сметководство и Акт Бр. 235/2004 Coll., за данок на додадена вредност.
4 Видете Регулатива (ЕУ) 2017/1128 на Европскиот Парламент и Советот од 14 јуни 2017 година за прекугранична мобилност на услугите на онлајн содржина на внатрешниот пазар (“Регулативата за Мобилност”).

12. Табела за пренос на податоци

Табелата за пренос на податоци подолу ја прикажува категоријата на лични податоци пренесени од HBO во трети земји (надвор од ЕУ), целта за таквиот трансфер и безбедносните мерки што се превземени:

Лични податоци што ќе бидат пренесени

Применливи трети земји вклучени во преносот на лични податоци

Цел за трансферот на лични податоци

Безбедносни мерки превземени за обезбедување дека преносот на лични податоци е во согласност со важечкиот закон

Детали за идентификација

Информации за контакт

Податоци за дигитална информација

 

САД


Справување со проблеми и нивно решавање

 

Стандардна клаузула за заштита на податоци (Член 46.2 ГРЗЛ) https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/data-transfers-outside-eu/model-contracts-transfer-personal-data-third-countries_en

 

Детали за идентификација

Податоци за дигитална информација

Информација за користење

САД

 

Обезбедување за софтвер кој го користи HBO за следење на услугата за претплата

Стандардна клаузула за заштита на податоци (Член 46.2 ГРЗЛ) https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/data-transfers-outside-eu/model-contracts-transfer-personal-data-third-countries_en

 

Детали за идентификација

Информации за контакт

Податоци за дигитална информација

Информација за користење

САД

Обезбедување на ИТ системи за маркетинг и управување со маркетинг кампањи

 

 

ЕУ-У.С. Privacy Shield, (соодветна одлука, Член 45 ГРЗЛ) https://www.privacyshield.gov/welcome

 

Стандардна клаузула за заштита на податоци (Член 46.2 ЗЗЛП)



Standard Data Protection Clauses (Article 46.2 GDPR) https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/data-transfers-outside-eu/model-contracts-transfer-personal-data-third-countries_en

 

 

Детали за идентификација

Информации за контакт

Детали за наплата

САД

 

Обезбедување на системи за наплата и поврзани ИТ системи

 

ЕУ-У.С. Privacy Shield, (соодветна одлука, Член 45 ГРЗЛ) https://www.privacyshield.gov/welcome

 

Стандардна клаузула за заштита на податоци (Член 46.2 ГРЗЛ)https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/data-transfers-outside-eu/model-contracts-transfer-personal-data-third-countries_en

Детали за идентификација

Информации за контакт

Податоци за дигитална информација

Информација за употребата

Евиденција за кореспонденција за грижа на клиентите

САД

Обезбедување на корисничка/техничка подршка и поврзани ИТ системи

 

 

ЕУ-У.С. Privacy Shield, (соодветна одлука, Член 45 ГРЗЛ) https://www.privacyshield.gov/welcome

 

<p a