ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ЗА КЛИЕНТИ ( БИЗНИС ДО КЛИЕНТ) 

Ажурирано: 12 декември 2020 година

 

WarnerMedia („ние“, „нас“, „нашe“) е водечка медиумска и група на друштва за забава. Оваа Политика на приватност објаснува кои лични информации компаниите WarnerMedia ги собираат, користат, споделуваат и на друг начин ги обработуваат за поединци („вие“) стапувате во интеракција со нашите Понуди („Информации“). Исто така, оваа Политика на приватност не се применува на Дигиталните услуги кои се онлајн услуги наменети за деца. 

 

Семејството WarnerMedia се состои од бројни различни правни субјекти и деловни единици. Во оваа Политика на приватност, „Контролoр“ на вашите информации значи друштвото кое одлучува за кои цели се обработуваат и како се обработуваат. Кое WarnerMedia друштво е Контролор во врска со обработката на вашите инфрмации ќе зависи од тоа која Понуда ја користите; често ќе биде WarnerMedia друштвото одговорно за обезбедување на таа Понуда, како што може да биде определено во нашите правила и услови. 

 

Во некои околности, за обработката на вашите информации може да е одговорен повеќе од еден Контролор, на пример, каде што се споделуваат информации со други WarnerMediaдруштва, за цел определена во оваа Политика на приватност. За повеќе детали одете до нашата Листа на контролери. Ако имате уште прашања за соодветниот Контролoр, контактирајте со нас со користење на еден од начините определени подолу.

 

Според законите на некои земји надвор од Европската економска зона, можеби ќе ни треба ваша согласност за наша обработка на вашите информации утврдени во оваа Политика на приватност. Предмет на какви било индикации што може да ни ги дадете за спротивното,, како откажување од или непријавување ако ви е побарано, и таму каде што е дозволено со закон, со обезбедување информации или стапување во интеракција со нашите Понуди на поинаков начин, вие се согласувате на нашето користење на информациите во согласност со оваа Политика на приватност. 

СОДРЖИНА

ОПСЕГ НА ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Внимателно прочитајте ја оваа политика. Ги објаснува типовите на информации кои може да ги собираме за вас, целите и начините според кои ги собираме, и (каде што е применливо) законските основи според кои го правиме тоа, како и информациите за задржување податоци, вашите права и како да нè контактирате. Оваа Политика на приватност ги покриваи онлајн и офлајн, наши активности на обработка и, вклучувајќи информации кои ги собираме преку наши различни Понуди, како овие кои се наведени подолу:   

 

Дигитални услуги:

 

  • Веб-страниците на WarnerMedia, вклучувајќи ги и активностите кои се одвиваат преку нашите веб- страници, како што се анкети, истражувачки студии, тестови на фокусни групи, промоции, натпревари и извлекувања награди, купувања во рамките на нашите услуги, повици за дејство за кориснички генерирана содржина („UGC“) и претплатување за билтени; 
  • Мобилни апликации, вклучувајќи активности кои се одвиваат преку нашите апликации, како што се оние наведени за нашите веб- страници; 
  • Услугите на претплата или други услуги на пренесување кои ги нуди WarnerMedia на клиентите и услугите каде добивате наша аудио-визуелна содржина преку нашите веб- страници, мобилни апликации и/или преку услуга обезбедена од трета страна, како што се давател на интернет услуга, платена ТВ платформа или оператор за мобилен телефон;  
  • Игри за конзола;
  • Наши страници за обожаватели/ канали/ профили на социјални мрежи од трета страна (пр. официјални страници на Facebook, Instagram, Twitter). 

Офлајн услуги:

 

  • Тури низ студио;
  • Атракции и изложби (пр. тематски паркови, активации на маркетинг на конвенции или други јавни места, лични искуства на ВР) водени од WarnerMedia друштво; и  
  • Настани на кои присуствувате како клиент или гостин (спротивно од учество во деловно својство) како што се филмски премиери, маркетинг и влијателни настани, фокусни групи или тестирања на корисници и приватни настани одржувани во нашите деловни простории или студија под наем.  

Имајте во предвид дека ние може да ги комбинираме информациите кои ги собираме преку еден извор (пр. веб-страница на WarnerMedia) со информации кои сме ги собрале преку друг извор (пр. мобилна апликација), вклучувајќи со информации кои е можно да се собрани од друго WarnerMedia друштво или трета страна (како што е дополнително опишано подолу). Исто така имајте во предвид дека нашите Офлајн услуги може да вклучуваат ваша интеракција со наши Дигитални услуги и обратно, на пример, каде што сте резервирале тура низ студио или ваше учество во маркетинг настан преку веб-страницана WarnerMedia. Одредени Понуди на WarnerMedia (на пример, некои брендирани тематски паркови на WarnerMedia, онлајн продавници и купувања во апликација) не се раководени од WarnerMedia, туку од лиценцирана трета страна или продавница за апликации; секоја обработка на вашите лични информации од таква лиценцирана трета страна или продавница за апликации не е предмет на оваа Политика на приватност, па ве молиме проверувајте внимателно дали релевантните одредби и услови се однесуваат на WarnerMedia друштво или не.  

ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

Ние ги собираме, користиме, споделуваме и на друг начин ги обработуваме следниве категории на информации:

 

1) Информации што може да ги собереме од вас:

 

 

  • Информации за регистрација, профил и пријавување, вклучувајќи информации за вас кога се регистрирате или пријавувате кај нас за една од нашите Понуди (пр. име, корисничко име, лозинка, е-пошта, детали за контакт, датум на раѓање или возраст, интерес за наша содржина и сл.) 
  • Информации за ваше купување на Понуда, вклучувајќи релевантни информации за плаќање (пр. информации за кредитна картичка). Ние исто така може да обработиме информации за пробни периоди, исплата на награди или промоции, периоди без активна претплата, историја на плаќање и сите испуштени плаќања.
  • Информации за вашето користење на,вклучувајќи информации за тоа дали сте ја отвориле е-поштата која сме ви ја пратиле, како вие (вклучувајќи го секој профил што го користите) стапувате во интеракција со Дигитална услуга, содржина што сте ја виделе или објавиле, реклами со кои сте стапиле во интеракција, игри кои сте ги играле и нивото кое сте го достигнале, вашите преференци и интерес за користење на различни карактеристики, програми, услуги и содржина достапна на Дигитална услуга. Ова исто така може да вклучува демографски информации, вклучувајќи на индивидуално или на ниво на домаќинство.
  • Информации кои ги обезбедувате кога учествувате во анкети на клиенти, истражувачки студии или тестови на фокусни групи, вклучувајќи онлајн или одговори написмено и каде што е применливо снимките од вашите аудио или видео интервјуа.
  • Пристапувања во промоции, натпревари, извлекувања награди или повици за дејствување, вклучуваји слики, видеа и текст.
  • Пристап на камера, вклучувајќи каде за некои Дигитални услуги, ние бараме дозвола да пристапиме до камерата на вашиот уред. Ако дадете дозвола, може да бидете во можност да снимате слики или видео во рамки на искуството на апликацијата, да ни ги испраќате или да пристапите до одредени карактеристики на зголемена реалност („AR“). Некои од овие карактеристики може да зависат од системите на камера да ги следат движењата на вашите очи и други карактеристики на лице или вашето непосредно опкружување за да применат AR ефекти.
  • Чувствителни податоци, вклучувајќи каде сте избрале да споделувате информации како дел од една од нашите Понуди, или каде обезбедувате информации во текот на една од нашите анкети или сесии со повратни информации, вклучувајќи, каде е дозволено од применливото право, информации поврзани со вашето физичко или ментално здравје, раса или етникум, религиски или филозофски уверувања, сексуален живот или сексуална ориентација или ваши политички убедувања. Во некои Понуди кои вклучуваат карактеристики на динамична забава, ние може со ваша согласност и во согласност со применливото право, да собираме информации како на пример преку скенирање на лице, следење очи, или реакција на кожа кои може да се сметаат за биометриски.
  • Информации за вашата вклученост во социјални медиуми, вклучувајќи ги вашите интеракции со нашите страници за обожаватели/канали/профили во заедници од трета страна, форуми и страници на социјални медиуми, услуги, приклучоци и апликации („Страници на социјални медиуми“). Ова може да вклучи постови, ваши „допаѓања“ и друга кориснички генерирана содржина која можеби сте ја обезбедиле, како и детали за вас како вашето име, ИД на корисник, фотографија на профил, роденден и каде што ни дозволувате, листи на пријатели и луѓе кои ги следите. За информации за тоа како може да ги прилагодите вашите поставки за приватност на Страниците за социјални медиуми и како овие страници за социјални медиуми ракуваат со вашите лични информации и содржина, погледнете ги нивните прирачници за помош со приватноста, политики на приватност и услови на користење.
  • Информации споделени на јавни форуми или форуми на заедницата на WarnerMedia, вклучувајќи каде што споделувате фотографии, писма, видеа или коментари, додека учествувате во онлајн форуми. Во зависност од вашите поставки за приватност, овие информации или содржина и вашето корисничко име може да станат јавни на интернет или во рамки на заедница на корисници. Не можеме да спречиме понатамошна употреба на овие информации штом еднаш сте ги споделиле на јавно достапен или форум на заедница. За понатамошни информации за тоа како тие ракуваат со вашите информации, погледнете ги политиките на приватност на конкретните форуми. 
  • Информации за вашата локација, вклучувајќи каде што се извлечени од информациите за уред (како што е ИП-адреса или код на земја), интеракциите на вашиот уред со нашите Дигитални услуги, или, со ваша согласност, информации за прецизната локација на вашиот уред (пр. геолокација преку мобилни уреди).
  • Информации за настан, вклучувајќи слики и клипови, дали сликани во кабина или на други начини од нас или од трета страна во наше име и други информации поврзани со организацијата и управувањето на настан, како што се алергии на храна и други индивидуални побарувања. 
  • Технички/кориснички информации од ваш уред, вклучувајќи го типот на уред, прегледувач, единствен идентификатор на уред, оперативен систем, интернет провајдер, идентификатор на мобилен уред и/или идентификатор за мобилно рекламирање, идентификатор на поврзан уред (вклучувајќи го и тој од поврзана телевизија), ИП-адреса, атрибути за мрежа, телевизиски уред и атрибути на апликација и поставки, и атрибути и поставки на друг уред или прегледувач. 
  • Информации за ваши клиентски барања, вклучувајќи кога сте нè контактирале преку една од нашите служби за помош на клиенти, адреса за е-пошта, полиња за разговор за услуга на клиент, формулари или системи за издавање билети, страници за социјални медиуми и кориснички центри за повик, каде повиците може да се снимаат. 

 

2) Информации кои може ги собираме за вас, од други извори, вклучувајќи пријатели:

 

Информации од други извори. Повремено, ние комбинираме информации со други онлајн информации кои ги добиваме, вклучувајќи информации за користење за вашите интеракции со други веб-страниции со онлајн рекламирање и медиуми. Ние исто така дополнуваме или комбинираме информации со информации од различни други извори или надворешни записи, вклучувајќи даватели на податоци од трета страна кои ни обезбедуваат информации како што се демографија, трансакции и историја на купување; информации за содржината и рекламите со кои стапувате во интеракција. Исто така може да добиеме информации за вас од ваши пријатели кои ве поканиле да стапите во интеракција со некои од нашите Дигитални услуги. Може да добиеме информации од трети страни со кои имате договор за претплата кој вклучува пристап до наша содржина или услуги.

 

Информации од пријатели. Во одредени ситуации, може да овозможиме пријателите кои користат наши Понуди да обезбедат информации за вас. На пример, некој може да поднесе информации на нашите веб-страницида ве повика да учествувате во некоја Понуда, да дава препораки или да споделува содржина преку една од нашите апликации, или повеќе играчи да ја споделуваат истата сесија на играта. Со обработка на овие барања, може да ги добиеме вашите информации, вклучувајќи го вашето име, деталите за контакт или информации за вашата заинтересираност за и користење на наши Понуди. 

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ИНФОРМАЦИИТЕ

Ние може да користиме информации за целите опишани во оваа Политика на приватност, или како што е поинаку објавено во времето на собирање. Подолу, ги објаснуваме нашите различни цели, сите активности на обработка за кои веруваме дека може да е потребно дополнително објаснување и, каде што е потребно, „законската основа“ на која се потпираме за да ги обработиме вашите информации. 

 

Имајте во предвид дека додека информациите може да се обработуваат за повеќе од една цел (пр. информациите кои ги добиваме кога Обезбедуваме наши понуди може исто да се користат за подобрување и Развивање на наши понуди и/или за Маркетинг и персонализирано рекламирање), не сите од целите или активностите на обработка подолу неопходно ќе важат за секој случај. Нашата конкретна употреба на вашите информации ќе зависи од Понудата во која сте вклучени и начинот на кој сте во интеракција со нас, вклучувајќи ги дозволите кои ни ги давате (пр. дали се согласувате или не за одредени употреби, како што е директен маркетинг) и други контроли кои ги остварувате во врска со нашата обработка на вашите информации (пр. дали или не сте избрале да се откажете, каде што се нуди ова) Вашата можност да контролирате некои од целите за кои се обработуваат вашите информации е опишана во деловите БАРАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВА и КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ подолу. 

 

Обезбедување наши Понуди

Може да ги користиме вашите информации за цели на поставување ваш профил кај нас, да ве регистрираме за Понуда, да ви овозможиме да платите за истата, со тоа што ја обезбедуваме Понудата, ви дозволуваме да учествувате во промоција, натпревар, извлекување награди или повик за дејство за поднесување UGC или да ја одржуваме Понудата и да решаваме какви било проблеми. Ова може да вклучи имплементирање на применливи правила и услови (пр. за наши услуги со претплата, ограничувања на број на уреди и прикажување на правилната содржина врз основа на локација) и да ја оптимизира испораката на Понудата за секој конкретен уред што се користи да пристапи до и да ја обезбеди карактеристиката „продолжено гледање“ на нашите услуги со претплата. 

 

Во земји каде нашето обработување на информации бара законска основа, ние се потпираме на следново:

 

 

  • Најмногу од нашето обработување, како што е обезбедување и одржување на нашите Понуди, е неопходно за склучување, или извршувањето на, договорот што го имаме со вас, вклучувајќи овозможување на пријавување или регистрирање нови клиенти кај нас и постоечките клиенти да се најавуваат на нашите Дигитални услуги.
  • Други типови на обработување се потребни за нашите „легитимни интереси“ (и тие на други), вклучувајќи:
  • Одвивање на наши бизниси, обезбедување наши Понуди и служење наши клиенти;
  • Контактирање на клиенти со важни известувања или ажурирања; 
  • Контактирање на клиенти за нивни трансакции, купувања и победи во натпревари;
  • Персонализирање содржина и препорачување на друга содржина;
  • Остварување и/или примена на правата кои ни се доделени според одредбите и условите на Понудата;
  • Олеснување на плаќање за наши Понуди.
  • За други типови на обработка ние може да се потпреме на вашата согласност (кога ни е дадена). 

Подобрување и развивање на наши Понуди

 

Може да ги користиме вашите информации за целта на анализирање, подобрување, персонализирање и оценување на нашите Понуди и вашето користење на истите, како и за развивање нови Понуди. Ова може да вклучи анализирање на вашите одговори на анкети за клиент.

 

Во земји каде нашето обработување на информации бара законска основа, ние се потпираме на следново: 

 

 

  • Некои типови на обработка се неопходни за наши „легитимни интереси“ (и тие на други), вклучувајќи:
  • Подобрување и развивање на наши Понуди.
  • Креирање ефективност во нашиот бизнис.
  • Разбирање на трендовите и интересите на клиентите, вклучувајќи преку проценки на клиенти, истражување на пазар и мерење на перформанси на содржина.
  • Собирање статистика за употребата на нашите Понуди.
  • За други типови на обработка ние може да се потпреме на вашата согласност (кога ни е дадена).

Маркетинг и персонализирано рекламирање

Може да ги користиме вашите информации за целта на маркетинг и/или рекламирање на нашите Понуди и оние на нашите клиенти и партнери. WarnerMedia користи технологии на рекламирање, како што е наддавање во реално време, да ја одреди вредноста на просторот за рекламирање во рамките на неговите Дигитални услуги и/или да креира „профил“ врз основа на информациите за вашите интеракции со нас, вклучувајќи ги нашите Понуди, нашите даватели на услуга и нашите партнери и нивните веб-страници, апликации и онлајн рекламирање, кои се користат да ви обезбедат персонализирано рекламирање и маркетинг. Исто така може да собираме информации за корисници да креираме групи или категории на корисници, како „сегменти“, да комуницираме со вас за нашите понуди и да ве информираме за понудите на нашите клиенти и партнери, вклучувајќи и на страници на социјални медиуми  

 

Додека обработката на вашите информации за оваа цел може да вклучува алгоритам што автоматски избира рекламирање кое има за цел да ве заинтересира, ние не донесуваме целосно автоматизирани одлуки кои може да имаат законско или значително влијание врз вас без ваша изрична согласност, или каде на друг начин е дозволено од применлив закон. 

 

Исто така може да користиме UGC за маркетинг или цели на рекламирање, што е подложно на релевантните одредби и услови на Понудата. 

 

 

Во земји каде нашето обработување на информации бара законска основа, ние се потпираме на следново: 

 

 

  • Да ги користиме UGC кои сте ги поднеле, ќе се потпреме на правата што ни се доделени според правилата и условите на Понудата и извршувањето на нашиот договор со вас. 
  • Други типови на обработка за Маркетинг и персонализирано рекламирање се потребни за нашите легитимни интереси (или тие на други), вклучувајќи:
  • Промовирање на нашите деловни интереси со маркетинг и рекламирање на Наши Понуди, вклучувајќи ангажирање во контекстуално (не управувано од податоци) рекламирање, аналитика и мерење на резултати на реклама; 
  • Проширување на нашата база на клиенти со продлабочување на врските со постоечките клиенти и подготвување нови клиенти;
  • Користење на UGC што сте ги поднеле (освен ако не е потребно за резултатите на договорот со вас или ние можеме да побараме ваша согласност); и,
  • Промовирање на брендот WarnerMedia и онлајн и офлајн.
  • Во одредени јурисдикции, за одредени типови на обработка, како што е рекламирање засновано на интерес или каде што испраќаме директни маркетинг комуникации по е-пошта, текстуална порака или СМС, пораки на страниците на социјални медиуми, се потпираме на вашата согласност (каде што е дадена).  

 

Обезбедување услуги на клиенти 

Може да ги користиме вашите информации за целта на обезбедување Услуги на корисници, вклучувајќи справување со ваши барања и поплаки (вклучувајќи решавање проблеми), или ако нè контактирате преку телефон, е-пошта, полиња за разговор, формулари и на услуги за издавање билети, веб-страници или преку страница на социјален медиум. 

 

Во земји каде нашето обработување на информации бара законска основа, ние се потпираме на следново: 

 

 

  • Некои типови на активности на обработка ќе бидат неопходни за нас да го спроведеме нашиот договор со вас да ви обезбедиме Понуда. 
  • Некои типови на активности на обработка ќе бидат неопходни за да бидеме усогласени со нашите законски обврски.
  • Некои типови на обработка ќе бидат неопходни за наши легитимни интереси (или тие на други), вклучувајќи:
  • Одговарање на барања и поплаки на наши клиенти; 
  • Следење на напредокот и ефективноста на нашиот одговор; и
  • Подобрување на нашите Услуги за клиенти.

Откривање, спречување и истражување криминални и други нелегални активности

Може да ги користиме вашите информации за целта на откривање, спречување или истражување криминални активности (вклучувајќи измама и прекршување на авторски права), штитење на безбедноста на корисникот и примена на нашите граѓански права во судовите. На пример, каде што е потребно, може да споделиме ваши информации со тела за спроведување на закон или да ги користиме за да преземеме законско дејствие против вас, за да ги оствариме нашите права. 

 

Во земји каде нашето обработување на информации бара законска основа, ние се потпираме на следново: 

 

 

  • Некои типови на активности на обработка ќе бидат неопходни за да бидеме усогласени со нашите законски обврски.
  • Некои типови на обработка ќе бидат неопходни за наши легитимни интереси (или тие на други), вклучувајќи:
  • Штитење на нашите деловни интереси и права, приватност, безбедност и имот, или тие на нашите клиенти и корисници;
  • Воспоставување, спроведување или бранење законски побарувања; 
  • Споделување на ваши информации со трети страни со цел да ни дозволите да бараме достапни правни лекови или да ја ограничиме штетата која може да ја претрпиме.

Усогласеност со законски обврски 

Може да ги користиме вашите информации за целта на усогласување со нашите законски обврски, вклучувајќи сметководствени правила, одговарање на барања за индивидуални права и одговарање на барања од регулатори, судски органи и органи за спроведување закон или владини органи. 

 

Во земји каде нашето обработување на информации бара законска основа, ние се потпираме на следново:

 

  • Овие типови на активности се неопходни за да бидеме усогласени со нашите законски обврски. 

СПОДЕЛУВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ И ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ

Споделуваме информации со и ги откриваме на следниве страни, за целите наведени подолу:

 

Во рамките на AT&T и/или WarnerMedia

 

WarnerMedia е дел од AT&T групацијата на друштва. Друштвата WarnerMedia и друштвата AT&T се поддржуваат и се во интеракција за одвивање на своите бизниси. Како резултат, WarnerMedia друштвото и/или AT&T друштвото може да добивааат ваши информации да ги обработуваат за целите определени во оваа Политика на приватност, каде што има законска основа за нив да го направат тоа и конзистентно со кои било дозволи што сте ги дале (пр. дали сакате или не сакате да добивате маркетинг комуникации) и кои било други контроли што ги вршите во однос на нашата обработка на ваши информации (пр. каде сте избрале да се откажете од одредена обработка), како што е опишано во деловите БАРАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВА и КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ подолу.

 

Надвор од AT&T и/или WarnerMedia

 

Даватели на услуги од трета страна. Нашите агенти и изведувачи имаат пристап до информациите за да им помогнат да ги извршуваат услугите што ги вршат за нас, како што е, но не ограничувајќи се на, исполнување, создавање, одржување, организирање и испорака на нашите Понуди, вршење маркетинг, обезбедување ИТ услуги и безбедност, ракување со плаќање, е-пошта и исполнување нарачки, управување со промоции, натпреварувања и извлекувања награди, спроведување истражувања, мерења и аналитика, создавање проценки или услуги за клиенти.

 

Поврзани страници на социјални медиуми од трета страна. Некои од нашите Дигитални услуги имаат врски кон други страници, вклучувајќи страници на социјални медиуми, за цели на интеракција и маркетинг на клиенти. Информативните практики на страниците на социјални медиуми може да се различни од нашите, па вие треба да ја консултирате нивната политика на приватност и одредбите пред да ги поднесувате вашите лични информации бидејќи ние немаме контрола врз личните информации што се поднесени до или собрани од овие трети страни. 

 

Партнери од трета страна. Понекогаш нудиме Дигитални услуги и Офлајн услуги кои се спонзорирани или заеднички брендирани со идентификувани трети страни. Според природата на овие односи, третите страни собираат или добиваат лични информации од вас во текот на активноста. Ние не го контролираме користењето на лични информации од овие трети страни. Ве охрабруваме да ги прочитате нивните политики за приватност за да дознаете за нивните практики за податоци. 

 

Даватели на услуги на технологија на рекламирање. Ние споделуваме одредени информации со трети страни (пр. други компании, продавачи на мало, истражувачки организации, огласувачи, агенции за рекламирање, мрежи и платформи за рекламирање, бази на податоци за учествување, објавувачи и непрофитни организации) за обработување генерално во раситнета или анонимизирана форма, да ви обезбедиме рекламирање според вашите интереси, вклучувајќи, каде што е применливо, преку наддавање во реално време. Во некои случаи, ние исто така може да споделиме сегменти или вообичаени податоци од посетители од трети страни за цели на маркетинг. За повеќе информации, видете ги нашите (i) Цел на маркетинг и персонализирано рекламирање погоре (ii) Колачиња и други технички информации и (iii) деловите за Избори на реклами подолу.

 

Други трети страни. Во случај на веројатна промена на контролата на бизнисот (или дел од бизнисот) како што е продажба, спојување и преземање, или која било трансакција, или реорганизација, ние може да ги споделиме вашите информации со заинтересирани страни вклучувајќи како дел на која било постапка за длабинска анализа со нови или веројатни сопственици на бизнисот и нивните соодветни професионални советници. 

 

Органи за спроведување закон, власти и судови. Откриваме информации каде што е потребно за спречување, истрага или прогон на криминални активности, а исто така и во одговор на правни постапки, на пр. во одговор на судски налог или покана за суд, или во одговор на барање од регулатор, владин орган или орган за спроведување на закон. 

 

Јавни форуми.Ако објавувате или споделувате информации додека стапувате во интеракција со некоја од нашите Дигитални услуги или преку страница на социјален медиум, во зависност од природата на услугата или вашите поставки за приватност, овие информации може да станат јавни, по што, ние не можеме да спречиме понатамошно користење или споделување на овие информации. За информации за тоа како можете да ги прилагодите вашите поставки за приватност на страницина социјалните медиуми, погледнете ги нивните упатства за помош околу приватноста и правила за користење.

ЗАДРЖУВАЊЕ ПОДАТОЦИ

Воглавно, ние ќе ги задржуваме вашите информации само онолку долго колку што е неопходно за целите опишани во оваа Политика на приватност. Ова значи дека периодите на задржување ќе се разликуваат во зависност од типот на информации и од причината зошто сме ги собрале информациите пред сè. На пример, некои информации поврзани со давањето на нашите Понуди вам, ќе бидат чувани повеќе години заради усогласеност со различни законски обврски поврзани со финансии и даноци. Имаме разработено внатрешни политики на задржување кои определуваат различни периоди на задржување за различни категории на информации, во зависност од нашите законски обврски и дали постои трговска потреба да се задржат информациите. Откако ќе измине периодот на задржување, информациите безбедно се бришат, освен ако не се потребни за спроведување, остварување или одбрана на законски побарувања. За дополнителни информации кои се однесуваат на применливите периоди на задржување, треба да нè контактирате со користење на начините за контакт поставени подолу.

БАРАЊА ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВА

Под одредени услови, имате право да побарате да исполниме едно или повее од следниве барања. Може да ви побараме доказ за идентитет или други дополнителни информации пред да го направиме тоа.

 

 

  • Право на пристап и исправка: Може да барате детали за информациите што ги задржуваме, заедно со копија на вашите информации и корекција на секакви грешки во вашите информации. 
  • Право на бришење („право да се биде заборавен“): Правото, во одредени околности, да побарате вашите информации да бидат избришани. Во одредени случаи, може нема да бидеме во можност да избришеме некои видови информации, особено, каде што имаме законска обврска да ги чуваме тие информации (пр. за цели на регулаторно известување) или на пример, каде што сакате да продолжиме да ви ја обезбедуваме Понудата и обработувањето на информациите е неопходно за обезбедувањето на таа Понуда.
  • Маркетинг комуникации и споделување со трети страни. Ви обезбедуваме можност да ги изразите вашите преференци во однос на добивање одредени маркетинг комуникации од нас и нашето споделување на информации со доверливи партнери за нивни цели на директен маркетинг. За повеќе информации погледнете го делот „Избори на реклами“ подолу. 
  • Право на преносливост: Правото во одредени случаи да ги примите вашите информации во дигитален формат или тие да бидат директно пренесени до друг контролер (каде што е технички возможно).
  • Право на приговор: Правото на приговор (од причини поврзани со ваша конкретна ситуација) за обработката на вашите информации на основа на нашите легитимни интереси, вклучувајќи за цели на директен маркетинг. 
  • Право на повлекување согласност: Може да ја повлечете вашата согласност во секое време во однос на секаква обработка на информации која е заснована врз согласност. 

 

Ќе оценуваме секакво барање за остварување на овие права врз основа на случај по случај. Може да постојат околности во кои ние не сме законски обврзани да се усогласиме со барањето поради релевантни исклучоци обезбедени во применливата легислатива за заштита на податоци. Во некои случаи, ова може да значи дека ние можеме да ги задржиме вашите информации дури и ако вие ја повлечете вашата согласност. За да ги остварите овие права, или да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци, поднесете барање со одење на порталот за барање индивидуални права

КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Кога ќе ги посетите нашите Дигитални услуги, ние, даватели на услуги од трета страна и партнери, може да користиме „колачиња“ или слични технологии како што се пиксели и SDK-алатки да ги (i) обезбедуваме, развиваме, одржуваме, персонализираме, заштитиме и подобриме нашите Дигитални услуги и нивната содржина (ii) да вршиме аналитика, вклучувајќи да анализираме и известуваме за користењето и перформансите на нашите Дигитални услуги и секои реклами прикажани на или испорачани од или преку нив (iii) штитиме од, идентификуваме и спречуваме измама и други незаконски активности (iv) создаваме збирни податоци за групи или категории на наши корисници (вклучувајќи публика на реклами), и (v) за нас, нашите партнери и давателите на услуги од трета страна да испорачаат, насочат, нудат, продаваат или персонализираат рекламирање поврзано со нашите Понуди или понудите на нашите клиенти и партнери (вклучувајќи ограничување колку често ја гледате рекламата). 

 

Опис на колаче

1. Потребни колачиња

Овие колачиња се потребни да овозможат суштинска функционалност на веб-страница.

Стриктно неопходни колачиња или слични технологии: Тие се неопходни за да ви овозможат да се движите низ нашите Дигитални услуги и да ги користите нивните карактеристики, како што е пристапување до безбедни области. Ако ги оневозможите овие колачиња, некои или сите од карактеристиките на Дигиталните услуги може да не работат.

 

2. Колачиња за перформанси

Овие колачиња ни овозможуваат да го анализираме користењето на нашите Дигитални услуги за да може да ги измериме и подобриме перформансите.

Колачиња за перформанси или слични технологии: Тие собираат информации за тоа како ги користите нашите Дигитални услуги, за да може да го анализираме сообраќајот, да ги разбереме интеракциите на корисниците и да ја подобриме релевантната Дигитална услуга. Нашите е-пораки и билтени може да содржат „веб пиксел“ за да ни каже како сте стапиле во интеракција со она што сме ви го пратиле. За игри, овие технологии собираат информации за вашето играње игра, вклучувајќи достигнувања, користење на карактеристики и други активности во рамките на играта. Може да користиме даватели на услуги од трета страна како што е Google Analytics за оваа цел кои може да користат нивни сопствени колачиња или слични технологии. Повеќе информации може да најдете со кликнување на врската за користење на ресурси на колачињата на Google Analytics: https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en

 

3. Колачиња за функционалност

Колачиња за функционалност или слични технологии: Тие се користат кога споделувате информации со користење на копчето за споделување на социјален медиум или копчето „допаѓање“ преку нашите Дигитални услуги, или кога го поврзувате вашаиот профил или ќе се поврзете со нашата содржина на или преку страница на социјален медиум, како што се Facebook или Twitter. Страницата на социјалниот медиум ќе забележи дека сте го направиле ова и овие информации може да се поврзат со активности на насочување/рекламирање, вклучувајќи создавање општа публика.

 

4.Колачиња за рекламирање

Овие колачиња се користат од компаниите за рекламирање да прикажуваат реклами кои се релевантни за вашите интереси

Колачиња на социјални медиуми или слични технологии: Некои од нашите Дигитални услуги може да користат мрежа за рекламирање од трета страна или компанијата AT&T или компанијата WarnerMedia, да испорачаат насочено рекламирање: Тие исто така може да имаат способност да ограничат колку пати ќе ја гледате рекламата и да го следат вашето прегледување или користење низ нашите Сајтови за дигитални услуги и социјални медиуми

 

Колачиња за рекламирање или слични технологии: Некои од нашите Дигитални услуги може да користат мрежа за рекламирање од трета страна или AT&T друштвото или WarnerMedia друштвото, да испорачаат насочено рекламирање: Тие исто така може да имаат способност да ограничат колку пати ќе ја гледате рекламата и да го следат вашето прегледување или користење низ нашите страни за дигитални услуги и социјални медиуми 

 

Управување со Колачиња и други технологии. За Дигитални услуги во некои јурисдикции, вклучувајќи ја ЕЕЗ, може да дознаете повеќе информации за нашето користење на колачиња и други технологии, и да обезбедувате или повлекувате согласности, или да поставувате преференци за колачиња и во некои случаи да приговарате за целите од легитимни интереси за обработка на вашите лични информации со кликнување на Управувај колачиња+ или поинаку прилагодувајќи ги преференците за колачиња. Овие поставки се достапни на страницара или на основа на конкретна апликација, во секое време со користење на врската „Управувај колачиња+“ или слична врска која се наоѓа на веб-страниците или во поставките на апликацијата. Исто така може да ги користите поставките за апликација/прегледувач да поставите претпочитани вредности за колачиња. 

 

За многу Дигитални услуги во EE3, WarnerMedia учествува во Рамката за транспарентност и согласност на IAB Europe, која подетално е опишана со одење на веб-сајтот на IAB, и е усогласена со нејзините спецификации и политики на применливи веб-страници и апликации. OneTrust управува платформа за управување со согласност со идентификациски број 28.

 

Маркетинг комуникации. Ви обезбедуваме можност да ги изразите вашите преференци во врска со добивање одредени маркетинг комуникации од нас. Ако сакате да ги ажурирате овие преференци, може (i) да се најавите на профилот што сте го креирале кај нас за да ги прилагодите вашите поставки (каде што е достапна карактеристиката) или (ii) во спротивно да поднесете барање со одење на нашиот портал за барање индивидуални права. Исто така може да ги следите упатствата за “откажување“ кои се наоѓаат во секоја маркетинг е-пошта што ја добивате. 

 

Избори на реклами. По наше сопствено наоѓање или работејќи со подружници или трети страни, може да прикажуваме реклами и да се ангажираме за собирање податоци, известување, мерење на реакција на реклами и аналитика на страницата на нашите Дигитални услуги и на веб-страници од трета страна низ интернет и апликации во секое време. Ние, нашите подружници или трети страни може да користиме колачиња, веб-пикселни маркери, пиксели, SDK-алатки или слични технологии да ја вршиме оваа активност. Тие добиваат информации за апликациите што ги користите, веб-страниците што ги посетувате и други информации од сите ваши уреди и прегледувачи и од веб-страници, услуги и апликации во секое време, за да ни помогнат да понудиме рекламирање што ќе биде порелевантно за вашите интереси во рамките и надвор од нашите Дигитални услуги и низ вашите уреди и прегледувачи. Овој тип на рекламирање е познат како „рекламирање засновано на интерес“. Ние, нашите подружници или трети страни исто така може да ги користиме овие информации да ги поврземе вашите различни прегледувачи и уреди заедно за рекламирање засновано на интерес и за други цели како истражување, аналитика, внатрешни операции, спречување измама и збогатување на искуствата на потрошувачите.

 

Како дополнение на управувањето со вашите преференци низ нашата платформа за управување со согласност, за повеќе информации за рекламирање засновано на интереси на вашиот десктоп или мобилен прегледувач и да се откажете од ваков тип на рекламирање од трети страни што учествуваат во саморегулаторни програми со посета на Ваши онлајн избори веб-страницата ако сте во EE3, кој е вдомен од и може да се посети на веб-страницата  на Европска алијанса за интерактивно дигитално рекламирање (EDAA); ако сте во Аргентина на Alianza de Publicidad Digital de Argentina (APDA); ако сте во Канада, со посета на веб-страница Алијанса за дигитално рекламирање на Канада (DAAC) и ако сте во Соединетите Американски Држави, со одење на веб-страницата  Алијанса за дигитално рекламирање на САД (DAA). Да дознаете повеќе за рекламирањето засновано на интереси на мобилни апликации и да се откажете од ваков тип на рекламирање од трети страни што учествуваат во алатката на AppChoices на DAA, посетете ја врската Избор на реклами за да ја преземете верзијата на AppChoices за вашиот уред. Имајте во предвид дека секој избор за откажување што ќе го остварите низ овие програми ќе важи за рекламирање засновано на интереси од трети страни што ќе ги изберете, но сè уште ќе дозволува собирање на информации за други цели, вклучувајќи истражување, аналитика и внатрешни операции. Затоа може да продолжите да добивате рекламирање, но тоа рекламирање може да биде помалку релевантно за вашите интереси.

 

Важни нешта што треба да се имаат во предвид за откажувања засновани на колачиња на веб-прегледувач (како оние што се користат од EDAA, APDA и DAAC):

 

 

  • Блокирани колачиња: Колачето за откажување може да не работи ако вашиот прегледувач е конфигуриран да блокира колачиња од трета страна.
  • Бришење или штитење откажувања: Ако ги избришете вашите колачиња, ќе треба повторно да се откажете. Има приклучоци на прегледувач кои ви помагаат да ги зачувате вашите колачиња за откажување. 
  • Само овој прегледувач: Откажувањето важи само за профилот на прегледувач во кој сте го поставиле. На пример, ако поставите откажување додека користите Firefox, но потоа користите Chrome, откажувањето нема да биде активно во Chrome. За да се откажете во Chrome, ќе треба да го повторите процесот на откажување. Така е бидејќи колачињата не може да бидат прочитани помеѓу различни прегледувачи или профили на прегледувачи.

Откажувањето не блокира и не брише колачиња: Тоа исто така не го спречува користењето на колачиња или други технологии за цели поинакви од избирање реклами засновани на ваши интереси како што се налага според вашето онлајн однесување. Ако изберете да се откажете, сè уште може да се собираат податоците за вашите активности на прегледување на интернет и вие сè уште ќе гледате реклами. Рекламите може да бидат избрани, на пример, врз основа на содржината на веб-страницата во која се прикажани. Ако сакате да ги блокирате или избришете сите колачиња заедно, може да ги користите поставките на веб-прегледуваччот за да го направите тоа.

 

Може да имате повеќе опции во зависност од вашиот мобилен уред и оперативен систем. На пример, најголем број од оперативни системи на уреди (пр., iOS за телефони Apple, Android за уреди Android и Windows за уреди Microsoft) обезбедуваат сопствени упатства за тоа како да се ограничи или спречи испораката на прилагодени реклами во рамки на апликација. Може да ги разгледате материјалите за поддршка и/или поставките за приватност за соодветните оперативни системи за да научите повеќе за овие карактеристики и како тие се применуваат на прилагодените реклами во рамки на апликација.

 

Информации за прецизна локација. За да го овозможите или оневозможите собирањето информации за прецизна локација од вашиот мобилен уред преку нашите мобилни апликации, може да пристапите до поставките на вашиот мобилен уред и да изберете да го ограничите тоа собирање. Исто така може да го ограничите собирањето на информации за прецизна локација од веб-страниците преку поставките на прегледуваччот.

МЕЃУНАРОДНИ ТРАНСФЕРИ

Работиме на меѓународно ниво и некои од процесите вклучени во нашето користење на вашите информации ќе бараат вашите информации да бидат складирани или обработени во земји надвор од земјата во која се наоѓате, вклучувајќи земји каде што нивото на правна заштита на вашите информации може да биде поинакво и каде што може да имате помалку законски права во врска со истите. Конкретно, вашите информации може да бидат пренесени и обработени во Соединетите Американски Држави каде се наоѓаат некои од нашите системи.  

 

Погледнете ја нашата Табела со подружници за примери на земјите каде што вашите информации може да бидат пренесени. 

 

Сепак, кога и да ги пренесуваме вашите информации надвор од земја или регион, како што е Европската Економска зона, ние ќе се осигураме дека сме ги презеле потребните чекори да се усогласиме со применливите законски барања. Затоа, каде што е потребно, ние ќе осигураме дека се поставени соодветни безбедносни мерки со користење на соодветни договорни механизми, како што се стандардните договорни клаузули на ЕУ или со потпирање врз даватели на услуги кои учествуваат во одобрен механизам за меѓународен трансфер на податоци, вклучувајќи го усвојувањето на задолжителни корпоративни правила. За дополнителни информации за документите што ги користиме да ги заштитиме вашите информации кога се пренесуваат надвор од вашата земја или регион, поднесете барање преку нашиот  портал за барање индивидуални права

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО АЖУРИРАЊА

Од време на време, ние може да ја ажурираме оваа Политика на приватност. Ќе ве известуваме за секакви материјални промени со поставување на известување на нашите страници. Ве охрабруваме повремено да проверувате и да ја прегледувате оваа политика за да останете ажурирани.

КАКО ДА НЀ КОНТАКТИРАТЕ

Ако имате некакви прашања за оваа Политика на приватност, можете да нè контактирате нас и нашиот Офицер за заштита на податоци на wmprivacy@warnermediagroup.com

ПРИГОВОРИ

Ако не сте задоволни со тоа како се справуваме со вашето барање, најпрво контактирајте нè на wmprivacy@warnermediagroup.com. Ако сè уште не сте задоволни со нашиот одговор, може да имате право на приговор до вашиот орган за заштита на податоци. Контактирајте нè на wmprivacy@warnermediagroup.com да добиете детали за тоа како да ги контактирате.