300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Кога Луис А. Миранда го напуштил Порторико и заминал во Њујорк во 1970-тите, тој имал големи сништа, но не знаел баш до каде ќе стигне. Откако добил влијателна позиција во администрацијата на њујоршкиот градоначалник Ед Кох како директор за прашања од областа на Хиспано-Американците, тој успеал да изгради кариера застапувајќи ги латино заедниците, помагајќи да се изберат некои од највлијателните политичари во земјата.
Во текот на една бурна година, документарецот на Џон Џејмс ја прикажува посветеноста на Луис кон семејството и земјата, што му е животна водилка и покрај скорешните здравствени проблеми. По разурнувањата од ураганот Марија во Порторико, тој помогнал да се испланираат хуманитарните дејности и да се соберат пари, како и да се поттикне свеста, а помогнал и околу логистиката при носењето на наградуваната продукција на „Хамилтон“ на неговиот син, на островот. Со хумор и многу душа, овој документарец ни ја раскажува приказната за еден уникатен и горд Американец.