Пристигнаа во Ванзе како високи водачи на Германија во Втората светска војна. По два часа, тие си заминаа како ковачи на завера за убиство на милиони Евреи. Ова е приказна за тајниот состанок на нацистите, во кој петнаесет мажи разговараат и на крај се согласуваат за добрите страни на „финалното решение“ на Хитлер, истребувањето на целото еврејско население во Европа. Оваа неверојатна драма врз основа на единствениот преживеан записник од состанокот, го реконструира еден од најозлогласените собири во светската историја, прикажувајќи ги интензивните чувства и морничавиот дијалог кој се водел во собата тој ден. Во филмот играат Колин Фирт („Вљубениот Шекспир“) и Дејвид Трелфал („Убијци помеѓу нас: приказната за Сајмон Визентал“ на HBO).
Режија | Frank Pierson |
Улоги | Stanley Tucci, Kenneth Branagh, Colin Firth, David Threlfall, Barnaby Kay |
Земја | ОК |
Аудио | англиски |
Превод | англиски, словенечки, хрватски, српски, македонски |
Должина | 92 минути |