300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Од Џејсон Рајтман, номинираниот за оскар режисер на „Џуно“, пристигнува „Во воздух“, Одисејата за Рајан Бингам (добитникот на Оскар, ЏОРЏ КЛУНИ), вработен во корпорација и човек кој оди на многу деловни патувања и кој по години поминати во авионски летови, одеднаш станува подготвен за вистинската врска.
Рајан долго време живее неоптоварен живот низ американските аеродроми, хотели и изнајмени автомобили. Тој може да носи сѐ што му е потребно во обичен патнички куфер; тој е разгален и елитен член на специјалната програма за лојални патници и е блиску до постигнување на неговата животна цел од 10 милиони милји минати во воздух, а сепак... Рајан нема ништо вистинско со кое може да се поврзе.
Кога се вљубува во една колешка која исто така многу патува (ВЕРА ФАРМИГА), шефот на Рајан (ЏЕЈСОН БЕЈТМЕН), инспириран од еден млад експерт за ефикасност (АНА КЕНДРИК), се заканува дека целосно ќе го повлече од патувањата. Соочен со заканата која е во исто време застрашувачка и предизвикувачка, да се биде спуштен на земја, Рајан почнува да размислува што всушност би значело да се има дом.