Добитниците на „Оскар“, Морган Фриман, Мајкл Кејн и Алан Аркин се здружуваат како долгогодишни пријатели Вили, Џо и Ал и решаваат да се откажат од пензионирањето и да отстапат од вистинскиот пат за првпат во животот кога нивниот пензиски фонд станува жртва на корпорацијата, во комедијата „Во голем стил“ на режисерот Зак Браф. Очајни да си ги платат сметките и да им се најдат на своите блиски, тројцата ризикуваат сè, решавајќи да удрат по банката што им ги украла нивните пари.
Режија | Zach Braff |
Улоги | Joey King, Ann-Margret, Alan Arkin, Michael Caine, Morgan Freeman |
Земја | САД |
Аудио | англиски |
Превод | англиски, словенечки, хрватски, српски, македонски |
Должина | 92 минути |