300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Наградениот со „Оскар“, Џејмс Камерон е режисер на овој брз акционен трилер во кој игра меѓународната суперѕвезда Арнолд Шварценегер во улогата на таен агент, кој се обидува да најде рамнотежа помеѓу својата опасна кариера и својот семеен живот.
Хери Таскер (Шварценегер), веќе 15 години, ѝ кажувал на својата жена Хелен (Џејми Ли Кертис) дека е продавач на компјутери. Сепак, вистината е дека Хери е всушност таен агент на една тајна одбранбена операција на владата, а времето го минува во бркање терористи и во разбивање на нивните злобни завери за светска доминација. Кога открива дека жена му можеби има љубовна афера, Хери ги користи сите свои ресурси, давајќи ѝ можност на својата жена за малку авантура, која таа толку ја посакува. За жал, кога излегува дека аферата е лажна, а вистинските терористи почнуваат да дејствуваат, Хери и Хелен стануваат жртви на киднапирање на истите терористи кои Хери се обидува да ги осуети.