Овој филм претставува храбар и смел мјузикл што ги прославува раѓањето на шоу-бизнисот и чувството што ни се јавува кога ни се остваруваат соништата. Инспириран од амбицијата и фантазијата на оригиналниот претставник на американската поп-култура, П. Т. Барнум, филмот ја раскажува приказната за еден визионер кој од ништо успеал да направи неверојатен спектакл што стана светска сензација. Австралискиот режисер Мајкл Грејси го има своето режисерско деби со оваа приказна, која навлегува во светот на фикцијата и е полна со заразна поп-музика, танци и прослава на преобразителната моќ на шоуменството, љубовта и вербата во себе. Грејси ги спојува оригиналните песни од добитниците на „Оскар“, Бенџ Пасек и Џастин Пол („Ла-ла Ленд“), со талентираната актерска екипа што ја предводи Хју Џекман, за да може на публиката да ѝ го покаже потеклото на масовната забава и да ги запознаат големите славни личности од 1870-тите.
Режија | Michael Gracey, Michael Gracey |
Улоги | Zac Efron, Michelle Williams, Hugh Jackman, Zendaya, Rebecca Ferguson |
Земја | САД |
Аудио | англиски |
Превод | англиски, словенечки, хрватски, српски, македонски |
Должина | 100 минути |