300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Врз основа на бестселер романот на Алис Себолд и во режија на добитникот на Оскар, Питер Џексон (трилогијата на „Господарот на прстените“), во филмот се работи за Сузи Салмон, која имала само 14 години кога била убиена во декември 1973, патувајќи дома од училиште. По нејзината смрт, таа продолжува да го гледа своето семејство на земјата – додека нејзиниот убиец е на слобода. Заробена во прекрасен, а сепак мистериозен задгробен свет, Сузи открива дека мора да избере помеѓу својата желба за одмазда и желбата да види како нејзините сакани заздравуваат и продолжуваат со животот. Она што почнува како шокантно убиство, се претвора во неизвесно и инвентивно патување низ пространствата на сеќавањето, љубовта и надежта – кон едно изненадувачко и емотивно осознавање.