300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Во „Те сакам, човеку“, новата комедија од сценаристот/режисерот Џон Хамбург („Дојде и Поли“, ко-сценарист на „Запознај ги родителите“, „Запознајте го семејството Фокер“, „Зулендер“), Питер Клејвен (Пол Руд) е успешен агент за недвижнини кој кога се вери со жената од своите сништа, Зои (Рашида Џоунс), открива, за своја несреќа, дека нема машки пријател кој му е доволно близок за да му биде кум. Питер веднаш се втурнува во серија бизарни и чудни „обиди“ да најде таков пријател, пред да го запознае Сидни Фиф (Џејсон Сегел), забавен, харизматичен маж – комплетна спротивност на Питер – со кој веднаш се поврзува. Но, што повеќе се зближуваат двајцата мажи, повеќе пати врската на Питер со Зои, на крајот присилувајќи го да бира помеѓу својата свршеничка и својот новопронајден „брат“, во приказна која комично истражува што е во суштината на машкото пријателство и што навистина значи да се биде пријател.