300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Марва Мунсон е енергична, постара жена која редовно оди во црква, не се секира поради буката и пцостите и бара потстанар за вишокот соба во нејзината куќа. Голдвејт Хигинсон Дор е елоквентен универзитетски професор кој се вселува и добива дозвола од Мунсон да ја користи визбата за пробите со својот „ансамбл за средновековна музика“. Она што Мунсон не го знае е дека најновиот проект на Дор не е академски, туку криминален. Дор планира грабеж на едно казино, а колегите музичари од неговиот ансамбл всушност се екипата што ја собрал за работата: безобразниот „човек однатре“ Гавејн, смотаниот експерт за експлозиви Пенкејк, тивкиот, но силен Ламп и експертот за логистика, Генералот. И покрај големите напори кои Дор и неговите соработници (кои не се баш импресивни) ги вложуваат, Мунсон дознава за планот и кога одбива да прифати дел од пленот во замена за нејзиното молчење, Дор решава дека најдобро решение е таа да се замолчи засекогаш. На крајот на краиштата, колку тешко може да биде да се убие една старица?