300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Овој филм е адаптација на омилената книжевна класика од Џек Лондон и ни ја прикажува приказната за кучето со големо срце, Бак, како и за Џон Торнтон (Харисон Форд), човекот кому Бак мора да научи да му верува. Откако е киднапиран во сончевата Калифорнија каде што живеел удобен живот, Бак е однесен во егзотичната дивина на Јукон во Алјаска. Како најновото куче на санката за испорака на пошта за време на турбулентната Златна треска во 1890-тите, Бак го менува својот некогаш удобен живот за живот полн со тешкотии и преживување. Животот повторно драматично се менува за Бак кога го запознава Торнтон, самотник кој станал авантурист, па станува јасно дека на ним двајцата им е судено да ја доживеат авантурата на нивните животи. Снаоѓајќи се во средина што е сурова, но и прекрасна, тие доживуваат голема преобразба.