300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Од авторот, добитник на Пулицеровата награда, Кормак Мекарти („Патот“, „Нема земја за старци“) пристигнува напната драма со два лика, која ги меша хуморот и патосот додека ја истражува врската помеѓу туѓинците кои се здружуваат во очајни околности.
Приказната се одвива во еден запуштен стан во Њујорк и се фокусира на двајца многу различни мажи. Едниот е длабоко религиозен црнец и бивш затвореник (Семјуел Л. Џексон) кој го спречува обидот за самоубиство на еден асоцијален белец, професор на колеџ (Томи Ли Џоунс), кој се обидел да се фрли пред последниот воз во метрото. Иако едниот од нив се обидува да се поврзе со другиот на рационална, духовна и емоционална основа, другиот останува упорен во својот тешко стекнат очај. При филозофската дебата, и двајцата со страст ги бранат сопствените уверувања и се обидуваат меѓусебно да се преобратат.