300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Стариот дилер со уметнички дела Олави (72) е пред пензија. Тој е човек кој секогаш ги ставал работата и уметноста пред сѐ, па дури и пред своето семејство. На една аукција, една стара слика му го привлекува вниманието. Олави мисли дека таа вреди многу повеќе од почетната цена која е ниска затоа што нејзината автентичност не е потврдена. Олави инстинктивно одлучува да направи уште една последна зделка за да заработи убави пари за пензија. Истовремено, ќерката на Олави Леа (42) која не ја видел со години, бара од него да ѝ помогне околу неговиот внук Ото (15). Заедно со Ото, Олави почнува да го истражува потеклото на сликата. Тие откриваат дека сликата се вика "Исус" и е насликана од Илија Репин. Олави успева да ја купи сликата, но кога аукциската куќа сфаќа дека е направена грешка при ставањето на цената, тие се вртат против него. За да го исполни својот сон, стариот дилер мора да се соочи и со аукциската куќа и со сопствените грешки од минатото.