300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Почитуваниот режисер, Кристофер Нолан („Темниот витез“) предводи меѓународна актерска екипа во филмот „Почеток“, оригинална научно-фантастична акција која нè води низ планетата и во интимниот и бескраен свет на сништата. Дом Коб (Леонардо Дикаприо) е вешт крадец, највештиот во опасната уметност на „извлекувањето“: крадењето вредни тајни од длабочината на потсвесното при состојба на сон, кога умот е најранлив. Ретката способност на Коб го прави посакуван играч во овој опасен нов свет на корпоративната шпионажа, но поради тоа е и меѓународен бегалец и ризикува сè што некогаш сакал. Коб сега добива шанса за избавување. Само една задача може да му го врати животот, но само доколку го постигне невозможното. Наместо совршениот грабеж, Коб и неговиот тим од специјалисти треба да го изведат обратното, нивната задача не е да украдат идеја, туку да вградат идеја. Ако успеат, тоа може да биде совршено злосторство.
Но, никакво внимателно планирање или експертиза не може да го подготви тимот за опасниот непријател кој се чини како да го предвидува секој нивен потег. Непријател кој само Коб можеше да го предвиди.
Вашиот ум е местото на злосторот.