Епска акциона фантазија, која нè води во живописната фантазија на една млада девојка чиј свет од соништата обезбедува бегство од нејзината мрачна реалност. Неограничена со времето и просторот, таа е слободна да оди каде што ја носи умот, а нејзините неверојатни авантури ги поместуваат границите меѓу реалноста и фантазијата. Таа е затворена против својата волја, но Бејбидол ја нема загубено волјата да преживее. Решена да се бори за својата слобода, таа убедува четири други девојки, повлечената Свит Пи, нерезервираната Рокет, итрата Блонди и верната Амбер, да се здружат заедно и да се обидат да ја избегнат ужасната судбина во рацете на нивните заробувачи Блу и Мадам Горски, пред да може мистериозниот Хај Ролер да дојде по Бејбидол. Предводени од Бејбидол, девојките се впуштаат во фантастична војна против сè, од самураи до змии, со виртуелниот арсенал што им е на располагање. Тие заедно мора да решат што би жртвувале за да останат живи. Но со помошта од Мудрецот, нивното неверојатно патување, доколку биде успешно, ќе ги доведе до слобода.
Режија | Zack Snyder |
Улоги | Emily Browning, Abbie Cornish, Jena Malone, Vanessa Hudgens, Jamie Chung |
Земја | САД |
Аудио | англиски |
Превод | англиски, словенечки, хрватски, српски, македонски |
Должина | 105 минути |