300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Ова шоу на ХБО Филмови е снимено пред публика во живо, во бродвејскиот театар „Империјал“ во Њујорк, а на гледачите им овозможува седиште во предниот ред на соло сценското шоу на Мајк Тајсон кое, исто како и филмот, е режирано од познатиот режисер (и долгогодишен пријател на Тајсон) Спајк Ли. „Мајк Тајсон: Неспорна вистина“ претставува сиров, искрен, моќен и хумористичен поглед на „Железниот Мајк“, кој се присеќава на издигнувањата и падовите во својот живот, преку неговиот препознатлив и искрен стил. Во текот на 90 фасцинантни минути, Тајсон отворено зборува за својата проблематична младост во Бруклин, за маркантната боксерска кариера, за клучните влијанија во неговиот живот, за личните и професионални контроверзи, за времето поминато во затвор, за загубата на членови од семејството и, најново, за својата рехабилитација и покајание, скроени преку трезвеност и обновена посветеност кон семејниот живот.