300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Оваа адаптација на ХБО на познатата бродвејска претстава во која игра шесткратната добитничка на „Тони“, Одра Мекдоналд (која освои награда за најдобра актерка во 2014 за оваа улога), ни ги претставува клучните мигови во бурниот живот на Били Холидеј преку многу од нејзините песни што ја направија позната, како и преку серија на лични а често пати и болни откритија што ги споделува преку настапот во 1959 година, четири месеци пред нејзината смрт. Холидеј, придружувана од виртуозно џез-трио, настапувајќи пред мала публика во еден измислен бар во Филаделфија, дава настап што ги прикажува нејзиното генијално пеење, како и демоните што ја обременуваа нејзината блескава кариера. Преку неверојатниот глас (прекрасно доловен од страна на Мекдоналд) и со преку десетина класични песни, меѓу кои се: „God Bless the Child“, „Strange Fruit“ и „T'aint Nobody's Business If I Do“, талентот и трагедијата на Лејди Деј се оживеани од една од најталентираните актерки на денешницата.