Познатиот режисер Гај Ричи го внесува својот динамичен стил во оваа епска фантастична акциска авантура „Кралот Артур: Легендата за мечот“. Со Чарли Ханам во главната улога, филмот е сликовит приказ на митото за Екскалибур, следејќи го патувањето на Артур од улиците па сè до тронот. Кога таткото на малечкиот Артур е убиен, Вортигерн (Џад Ло), кој е чичко на Артур, ја презема круната. Лишен од своето вродено право и без идеја кој е, Артур учи на потешкиот начин во градските сокачиња. Но кога еднаш ќе го извлече мечот од каменот, животот му се превртува наопаку и тој е принуден да ја прифати својата вистинска судбина, сакал или не.
Режија | Guy Ritchie |
Улоги | Charlie Hunnam, Astrid Bergès-Frisbey, Jude Law, Djimon Hounsou, Eric Bana |
Земја | САД |
Аудио | англиски |
Превод | англиски, словенечки, хрватски, српски, македонски |
Должина | 121 минути |