300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Цела година познатата британска режисерка Џени Финли се наоѓаше на снимањето на хит-серијата на ХБО „Игра на тронови“, следејќи го создавањето на најамбициозната и најсложена сезона на серијата. Една седмица по финалето на серијата, двочасовниот документарец „Игра на тронови: Последната стража“ навлегува длабоко во приказната и ни го прикажува предизвикот за оживувањето на фантастичниот свет на Вестерос во студијата и на локациите во Северна Ирска. Овој документарец претставува приказ на продукцијата и на екипата додека се справуваат со екстремните временски услови, тесните рокови и постојаните барања за спојлери од страна на обожавателите. Ова не е само документарец за создавањето на серијата туку е и смешна и емотивна приказна за задоволството што произлегува од создавањето на еден измислен свет со којшто потоа мораш да се збогуваш.