300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Менхетенскиот мозаик на Вуди Ален, „ХАНА И НЕЈЗИНИТЕ СЕСТРИ“ ги разгледува животот, љубовта и неверството во еден тесно сплетен клан артисти. Хана (Миа Фароу) регуларно се среќава со нејзините сестри Холи (Дијана Вист) и Ли (Барбара Херши) за да зборуваат за настаните во тековната недела. Тоа што не си го кажуваат, ги развива сите заднински заплети во филмот. Хана е омажена за сметководителот и финансиски планер Елиот (Мајкл Кејн), кој сè уште е вљубен во Ли, која пак живее со егоцентричниот артист од Сохо, Фредерик (Макс вон Сидов). Во меѓувреме, Холи, невротична актерка и вечен губитник во љубовта, оди со ТВ-продуцентот Мики (Вуди Ален), кој порано бил оженет со Хана и во поголемиот дел од филмот е убеден дека ќе умре. Филмот започнува и завршува за време на традиционалната семејна вечера на Денот на благодарноста, снимен во вистинскиот дом на Миа Фароу во Њујорк.