300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Добитниците на „Оскар“, Сандра Булок и Џорџ Клуни, играат во овој возбудлив трилер според сценарио, режија и продукција на Алфонсо Куарон („Потомци“), кој се одвива во бескрајниот и суров свет на длабоката вселена.
Д-р Рајан Стоун е брилијанен медицински инженер и таа е на прва мисија во шатл заедно со астронаутот ветеран Мет Ковалски, кој командува на својот последен лет пред пензија. Но, на една навидум рутинска вселенска прошетка, се случува катастрофа. Шатлот е уништен и ги остава двајцата сосем сами, врзани единствено еден за друг, како „тонат“ во темнината.
Заглушувачката тишина им кажува дека имаат изгубено секаква врска со Земјата..., а и секаква шанса да бидат спасени. Додека стравот се претвора во паника, секој здив им го троши малото количество кислород што им преостанува. Но единствениот пат до дома можеби им е да продолжат низ ужасното пространство на вселената.