300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Врз основа на вистинитата приказна за најбруталниот мистериозен сериски убиец кој е регистриран. Осум тела се најдени во шумата, брутално убиени, силувани, осакатени. Жртвите се млади, често пати осамени лица, кои ја имаат направено грешката да зборуваат со непознат човек, и имаат платено за тоа со своите животи. Еден брилијантен форензичарски експерт, но неискусен детектив, Виктор Бураков (Стефен Ри) е назначен од страна на неговиот полковник (Доналд Сатерленд), да го води случајот. Полковникот има задача да му даде што е можно повеќе поддршка на Бураков, но како што расте бројот на жртви, истрагата забавува сѐ до мртва точка, закопана од владината бирократија. Колежот продолжува со полн интензитет, сѐ додека Бураков не повикува еден психијатар (Макс вон Сидоу), за да создаде психолошки портрет на убиецот. Со педесет и две жртви кои нему му се припишуваат, убиецот кој го нарекуваат „Граѓанинот Икс“ конечно почнува да се оформува пред нивните очи. Но, можат ли да го фатат пред да убие повторно...?