300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Во емотивниот филм, „Голема риба“, режисерот Тим Буртон („Бетмен“, „Едвард раце-ножици“) ја носи својата неповторлива фантазија на патување кое навлегува длабоко во митската врска помеѓу таткото и синот. Едвард Блум (Алберт Фини) отсекогаш бил раскажувач на приказни за својот бурен живот како млад човек (Јуан Мекгрегор), кога неговата жед за патувања го довела до едно чудно патување од еден мал град во Алабама, низ светот и повторно назад. Неговите митски авантури се разновидни, па тој раскажува епски приказни за џинови, бури, вештерка и пејачи кои се сијамски близнаци. Со неговите забавни приказни, Блум ги шармира речиси сите што ги среќава, освен својот отуѓен син Вил (Били Крудуп). Кога мајка му, Сандра (Џесика Ланг) се обидува повторно да ги соедини, Вил мора да научи како да ги оддели фактите од фантазијата кога се соочува со големите подвизи и големите падови на својот татко.