300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Четири години екипажот на вселенскиот брод „НСЕА Протектор“ ги облекуваше своите униформи и одеше на возбудливи, а често пати и опасни мисии во вселената, но потоа нивната серија беше откажана. По 20 години, петмината ѕвезди на класичната ТВ серија од 1970-тите, „Галактичка мисија“, сѐ уште се во костими и се појавуваат на научно-фантастични конвенции пред своите многубројни обожаватели. Но, некои од тие обожаватели се малку повеќе отколку што очекуваат.
Една група вонземјани, кои по грешка ги добиле телевизиските трансмисии за „историските документи“, пристигнуваат на конвенцијата и ги носат „командантот Питер Квинси Тагарт“ и неговиот екипаж во вселената за да им помогнат во војната против опасниот противник. Без сценарио и режисер, а и без никакво знаење за вистинските меѓуѕвездени патувања, членовите на екипажот на „Протектор“ мора добро да одиграат за да станат херои за какви што вонземјаните ги сметаат.