300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
"Глупаво е она што го прави глупавиот," вели Форест Гамп (Том Хенкс) кога дискутира за своето релативно ниво на интелигенција со странец додека чека автобус. И покрај неговиот потпросечен коефициент на интелигенција, Гамп води вистински шармантен живот, со почесно место на многу од незаборавните настани во втората половина на 20-тиот век. Без воопшто да се труди, Форест го учи Елвис Присли да танцува, станува фудбалска ѕвезда, се среќава со Џон Ф. Кенеди, служи со почести во Виетнам, го среќава Линдон Џонсон, зборува на анти-воениот собир кај Вашингтонскиот споменик, ја победува кинеската репрезентација во пинг-понг, го среќава Ричард Никсон, го открива упадот во Вотергејт, отвора профитабилен бизнис со ракчиња, станува оригинален инвеститор во “Ејпл компјутерс“, и одлучува да трча низ целата земја неколку години. Во меѓувреме, додека се одвива оваа незаборавна животна парада, Форест никогаш не ја заборава Џени (Робин Рајт Пен), девојката што ја сакал како момче, која има сопствен пат низ турбуленциите на 1960-тите и 1970-тите и кој е многу попроблематичен од оној на Форест.