300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Адам и Ева не го споделиле само истото ребро, туку и многу други работи. Тоа ги направило различни од, да речеме, мајмуните. Постои еротика во човечката историја, од самиот почеток, и таа ја нема одминато ни Словачка. По 1989, по стотици години од крајот на монархијата и по две диктатури, имаме слобода да зборуваме за тоа. А и слобода да правиме еротски бизнис, исто така.
Главната тема на филмот е приказната за првиот секс-шоп во историјата на Словачка. Карол Рафаи започна со сопствен бизнис по ноемвриската револуција во 1989. Секс бизнисот на Рафаи и неговото семејство мина низ истиот процес како и демократизацијата во Словачка. Филмот со успех ги бара паралелите помеѓу овие две работи. Во него се зборува за продавницата, муштериите, сексуалната историја на земјата со голема волја и мала самодоверба. Тој го прикажува сексуалниот живот на Словаците, помешан со општествените, политичките и другите промени. Словачкиот граѓанин може да учествува во демократските избори, исто како што може по прв пат да влезе и во легален секс-шоп. И двете слободи му создаваат проблеми.
Филмот користи „розови очила“ за да зборува за словачката сексуалност и за објаснувањата на еротиката во Словачка, преку приказната за еден секс-шоп, од неговото раѓање, па до денес. Покрај сопственикот на секс-шопот и неговите вработени, во филмот учествуваат и многу ценетите специјалисти: сексолог и политички известувач. Целиот поглед е дополнет со мислењата на граѓаните и многу архивски ТВ материјали.
Нашето општество чија основа е сериозниот број на католичко население, има проблем со јавното искажување на сопствените мислења. Од друга страна, дневните весници прикажуваат многу ексклузивни и контроверзни вести, најмногу за еротскиот живот на славните личности. Прекрасно е да се види како нацијата се менува, како добива слобода и како учи да ја употребува. Дали на општеството гледаме како на интимна долна облека? Дали е тоа возбудливо?