300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
Првата специјална емисија на Дру Мајкл на HBO ни го прикажува него како се справува со сопствените стравови, неврози и несигурности во овој неконвенционален стендап-настап. Мрачниот и хумористичен монолог на Мајкл ги разработува темите за идентитетот, наративот, самосвеста и границите на самите медиуми. Суки Вотерхаус исто така се појавува во емисијата. Комичарот Џерод Кармајкл е режисер.
Дру Мајкл пишуваше сценарија за „Сабота вечер во живо“ и снимаше стендап-емисии за серијата „Половина час“ на кабелска телевизија, а ги сними и стендап-албумите „Прекрасно“ и „Смешно до смрт“. Суки Вотерхаус игра во новиот филм „Атентаторска нација“, а пред кратко време ја гледавме во „Лошо купче“. Џерод Кармајкл ги предводеше стендап-емисиите „Џерод Кармајкл: љубов во продавницата“ и „Џерод Кармајкл: 8“.