300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот)
Без договор. Услугата можеш да ја откажеш онлајн кога сакаш.
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ВЕДНАШ
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
АКТИВИРАЈ ВЕДНАШ
Продуцентот на „Волт Дизни Стјудиос“, Џери Брукхајмер и режисерот, Џон Туртелтауб, тимот зад проектот „Национално богатство“, го претставува „Чиракот на волшебникот“ -- инвентивна и епска комична авантура за еден волшебник и неговиот чирак, вовлечени во центарот на една древна борба помеѓу доброто и злото.
Балтазар Блејк (Николас Кејџ) е мајстор-волшебник во Менхетен од денешно време, обидувајќи се да го обрани градот од својот вечен непријател, Максим Хорват (Алфред Молина). Балтазар не може тоа да го стори сам, па го регрутира Дејв Статлер (Џеј Барушел), навидум просечен тип кој прикажува скриен потенцијал во улогата на негов штитеник. Волшебникот на својот неволен соработник му дава краток курс по вештината и науката на магијата и заедно, овие неспојливи партнери ги користат своите моќи против најопасните и најсуровите злочинци на сите времиња.
Ќе биде потребна сета храброст која Дејв може да ја собере за да ја преживее својата обука, да го спаси градот и да ја добие девојката во неговата трансформација како „Чиракот на волшебникот“. Сценариото е на Мет Лопез и Даг Миро и Карло Бернард, од екранизираната приказна на Лоренс Конер и Марк Розентал и Мет Лопез.