300 серии, 850 филмови, детски содржини и документарци
Само 5,99 евра месечно (приближно 368 денари во зависност од курсот) по пробниот период
Пробај 7 дена бесплатно
Хит серии, блокбастери, европска продукција и цртани филмови. Сите содржини се преведени. Гледај на твојот омилен уред.
Започни пробен период
Имаш HBO претплата преку оператор? Регистрирај се на HBO GO и гледај веднаш.
РЕГИСТРАЦИЈА
ХБО ја претставува премиерата на ексклузивното шоу на Били Кристал, „700 недели“, една од најценетите и најпрофитабилни претстави во историјата на Бродвеј. Во двочасовното шоу, снимено во јануари 2014 година во њујоршкиот театар „Империјал“, пред публика во живо, комичарот се присеќава на бројните ликови кои влијаеле врз неговото детство и му помогнале да стане тоа што е денес. Низ неколку децении, почнувајќи од 50-тите, „700 недели“ на Били Кристал се присеќава како било да се расте во Лонг Бич, во еврејско семејство исполнето со љубов. Тој се сеќава на бројните интересни роднини кои го инспирирале, како и на огромното влијание на џезот врз неговото семејство (татко му водел позната продавница за плочи на Менхетен, а неговиот вујко бил продуцент од „Аулата на славните“). Тој зборува за неговата страст за „Њујорк Јенкиси“, а особено за Мики Ментл, за влијанието на ненадејната и неочекувана смрт на татко му врз тинејџерот Кристал, како и врз неговата нажалена, но сепак силна мајка. А на крајот, зборува за неговото издигнување од тагата, за потрагата по сонот да стане комичар, сон што се остварил со поддршката од неговото семејство, а подоцна и од неговата сопруга.